„Лозарите или ќе станат почитувани или ќе ги ископачиме лозјата”

Од иницијативата „Тиквешки лозаро-овоштари” вчера одржаа блокада на патот Градско-Прилеп, со цел да го изразат револтот против ниските цени во земјоделството и оваа година. Од таму потенцираа дека доколку владата и винариите и понатаму останат глуви на нивните барања во следниот период ќе пристапат кон генерален штрајк со масовни блокади на патиштата.

Од иницијативата побараа поддршка за денешниот протест закажан во 18 часот пред УЈП Кавадарци, преку кој ќе достават официјални барања до повеќе институции. И покрај бројните протести од страна на земјоделците, новиот министер за земјоделство од владата на СДСМ изјави дека владата нема намера да се меша во дефинирањето на откупните цени и дека истите се препуштени на пазарната логика диктирана од монополот на приватните откупувачи.

Денеска го блокиравме патот Градско – Прилеп. Ова се само предупредувачки штрајкови и блокади. Доколку владата и…

Публикувахте от Регионално здружение"Тиквешки лозаро-овоштари" в Четвъртък, 12 септември 2019 г.