Наемниот работник како роб во историјата на либерализмот

Доминантната идеологија денес стреми да ги скрие сличностите и преувеличи разликите во положбата на подредените класи во минатото и сегашноста. Ова вулгаризација лицемерно си игра со термините наемен труд, профит, пари, капитал како нешта што секогаш постоеле, секогаш биле идејно супериорни, секогаш биле доминантни и денес ги имаат решено сите противречности.

Така, еден либерал денес може да забележи дека робот во минатото работел беспари и дека тоа не е во ред. Пред се, видлив е стремежот на либералот да го претстави робот како наемен работник кој не земал плата, што е комплетно неисториска претстава за робовите. Не само шти робот не е наемен работник, па за плата е сулудо да се прави муабет, туку и не е точно дека ништо од тоа што го работи робот не му се враќа. Иако тоа не е експлицитно договорено, дел од времето робот работи за себе, а дел за својот владетел, односно, дел од тоа што ќе го произведе робот, владетелот ќе му го врати назад во форма на храна, вода, облека, место да преспие итн., а остатокот ќе си го задржи за себе, без компензација.

Истиот тој либерал ќе забележи дека закрепостениот селанин е во многу подобра положба од робот. Имено, тој ќе рече дека на закрепостениот селанин дел од трудот му е платен, а дел не. Но, и закрепостениот селанин не е наемен работник, и повторно е бесмислено да го гледаме како таков и да збориме за плати. Закрепостениот селанин, дел од времето работи за да си ја произведе сопствената храна, живеалиште, можеби облека итн., а дел од времето за да произведе арач за кралот, црквата итн.

На крај, либералот ќе забележи дека на наемниот работник му е платен трудот. И тука повторно ќе погреши, бидејќи трудот не може да се плати – може единствено да се најми работната сила на работникот, да се плати за работната сила. Но, производот на таа работна сила има повисока вредност од вредноста на самата работна сила, инаку не би имал газдата профит, па следствено на тоа, дел од времето работникит работи за газдата да има пари да му ја плати платата, а дел за да газдата направи профит.

Во суштина, и робот, и закрепостениот селанин, и наемниот работник, дел од времето работат за да го произведат она што тие ќе го користат, а дел од времето работат за да го произведат она што нивниот господар ќе го користи, без компензација. Напредокот на ова поле е минимален, иако либералот сака да го прикаже како енормен. Но затоа илузијата дека робот работел “беспари”, закрепостениот селанин за “полупари”, а наемниот работник за “ситепари” е посилна од кога било.

Статус на Јован Крајевски, член на Президиумот на Левица.

Доминантната идеологија денес стреми да ги скрие сличностите и преувеличи разликите во положбата на подредените класи во…

Публикувахте от Jovan Krajevski в Петък, 23 август 2019 г.