74 години од ослободувањето на Индонезија од холандскиот колонијализам

Bendera Pusaka, првото индонезиско знаме е подигнато на 17 август 1945 година.

Додека Индонезија слави 74 години независност од колонијализмот, злосторствата кои овој архипелаг ги претрпи под колонијалното владеење речиси и да не се спомнуваат во современата историја. Државата Индонезија 350 години беше колонија на холандското кралство за експлоатација на нејзините ресурси и природни богатства. Повеќе од три века, холандското кралство го тероризираше населението од Индонезија и масакрираше стотици илјади луѓе, сѐ со цел да стекне доминација над светскиот пазар за трговија, особено на трговијата со зачини. 

Започнувајќи од масакарот во градот Банда во 1621 година, до масакрите во Јужен Сулавеси и Равагаде во 1946-1947 година, Холанѓаните успеаа да воведат брутален колонијален систем во Индонезија и системски да ја дехуманизираат тамошната популација преку ропство, тортура, силувања и грабеж на земјиштето. 

Дури и кога во 1945 година Индонезија прогласи независност, холандските власти започнаа брутална колонијална војна за да го задржат островот богат со ресурси. Герилските борци тогаш се спротиставија и успеаја да извојуваат победа во 1949 година. Сепак победата за нив дојде со висока цена. Индонезија мораше да плати 4.3 милијарди гилдери на Холандија за извојуваната слобода, и покрај сите масакри и грабежот кој оваа држава го преживеа од таканаречената западна цивилизација. 

Извор: Redfish