Винарите бараат уште пониски цени додека Владата молчи, лозарите ќе протестираат

Од здружението „Напредни лозари” на својата фејсбук-страна објавија дека и покрај одржаната средба со министерот за земјоделие Трајан Димковски, градоначалникот Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов, на која присуствуваа и претставници на винарииите, владата не ги прифатила барањата на лозаропроизводителите за зголемување на откупните цени. Напротив, на средбата претставниците на винариите побарале намалување на откупната цена, која и во моментов важи за енормно ниска и неприфатлива. Од здружението потенцираа дека нема да отстапат од своите црвени линии и ги повикаа лозарите да се спремаат за протести. Во продолжение го пренесуваме целото соопштение:

„ Вчера, на ден 15.08.2019 година во време од 16.00 до 19.00 часот во просториите на Собранието на Општина Кавадарци, по барање на Здружението на лозари “Напредни Лозари“ а во организација на Министерството за земјоделие Трајан Димковски, градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов се одржа состанок на кој учествуваа здруженијата на лозарите, федерацијата Фармери и други индивидуални производители на грозје од една страна и претставници на винариите Тиквеш, Гоце Делчев и други винарии од друга страна. Состанокот беше со единствена точка на дневен ред: „Организација на откупот на грозје од оваагодишната реколта и откупни цени на грозјето“.

По долготрајните дискусии од страна на производителите на грозје, дискусиите на Министерот Димковски, градоначалникот Јанчев и пратеникот Минов, до крајот на состанокот претставниците на винариите не се произнесоа со нивни предлот. Претставниците на лозаропроизводителите инсистираа на минимум 20 денари откупна цена на најевтината сорта на грозје со 16 шеќерни единици а црвените линии под кои не сакаа да преговараат беа поставени на 16 денари за откупен килограм грозје за сортата смедеревка и 17 денари за откупен килогарм грозје од сортата вранец/картошија. 

Претставниците на винариите останаа на нивните позиции кои беа однапред познати, ланските цени но со изместени вредности по однос на границата на шеќерните единици под која нема да се откупува грозјето, што всушност значи и намалување на откупната цена на грозјето. На пример ако лани вранецот се откупуваше по 13 денари за 19 шеќерни единици па до 16 денари за над 23 шеќерни единици, оваа година ќе се откупувал по 13 денари но не за 19 ами за 21 шеќерна единица, што е автоматски помалку за скоро два денари по килограм. Слична е ситуација е и со смедеревката. 

Министерот Димковски, градоначалникот Јанчев и пратеникот Минов декларативно ги поддржаа барањата на лозарите, но само декларативно, без најава на било какви мерки со кои би ги натерале преработувачите да ги сменат овие нивни тврди ставови и ги поместат црвените линии кон црвените линии на лозаропроизводителите. 

Здружението на лозари “Напредни Лозари“ апсолутно не се согласува со ваквата поразителна откупна политика на преработувачите на грозје и се подготвува барањата на лозаропроизводителите кои ги застапува да ги радикализира и да ги искористи сите расположливи демократски средства во цел постигнување на бараната цена и цел. За таа цел ги повикува лозарите да бидат спремни за протести. “

Почитувани лозаропроизводители,Вчера, на ден 15.08.2019 година во време од 16.00 до 19.00 часот во просториите на…

Публикувахте от Здружение Лозари в Четвъртък, 15 август 2019 г.