Моќ, моќ и само моќ

Фејсбук статус на Љубомир Цуцуловски.


Неколку месеци пред да почине (5.08.1895) Енгелс пишува:„Никаде политичарите не претставуваат поодвоен и помоќен дел од нацијата, туку токму во […] Со двете големи партии, кои наизменично се менуваат на власт, владеат луѓе кои од политиката прават своја приватна работа, шпекулираат со местата во Законодавното собрание; или, живеат од агитација за својата партија, а кога таа ќе победи како награда добиваат функции. Познато е како [граѓаните, заб. Љ.Ц.] во текот на последните години упорно се трудат да го отфрлат тој неснослив јарем и како наспроти на сето тоа сè подлабоко запаѓаат во ова мочвара од корупција. Сепак, таму имаме две големи банди, кои наизменично ја земаат државната власт, злоупотребувајќи ја со најкоруптивни средства, за најкоруптивни цели – а нацијата е немоќна во однос на тие два крупни картела на политичари, кои наводно ѝ служат, а всушност владеат со неа и ја ограбуваат…“

Ако помисливте дека Енгелс ја опишува состојбата во Република Македонија, сте погрешиле. Тогаш Република Македонија и не постоела. Тој само ја опишува состојбата во најразвиената држава во Северна Америка, во која единствено владее капиталот. Неговиот интерес за оплодување, неговата трка по сè поголем профит, соголува сè пред и сè сведува на елементарен интерес – борба за моќ и владеење. Тоа е крајната цел на капитал-логосот (логиката на капиталот), кој се осамостоил и кој лебди над човековите глави, непрашувајќи ги за ништо. Така е секогаш со газдите, кои не знаат ни за пријателство, ни за солидарност, ни за нација… Тие знаат единствено за профит.