Кираџиева: Потписи „на стероиди“

Кандидатката за претседател на Р. Македонија од Левица, професорката Билјана Ванковска во рок од една недела ја исполни потребната квота од 10.000 потписи. Додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека за само неколку часа собрале по 10.000 потписи за своите претседателски кандидати, а од теренот воочливо беше партиски организираното излегување на членството и на двете партии.

Во својата објава, Весна Кираџиева од Левица, го оцени ваквиот процес на собирање потписи за само неколку часа, како вештачки, „напукан на стероиди“:

Без тегнење луѓе со комбиња и автобуси, без уцени, поткупување, мкнење партиски вработена администрација, кои се фалат дека собираат потписи за два часа… Вака изгледа кога кандидат вистински е поддржан од НАРОДОТ! Ние спортистите за таквите кои вештачки и во неприроден рок постигнуваат нерелани резултати ги викаме „напукан на стероиди“. Точно дека победуваат на трки, ама не и на долг рок – допингуваните се суспендираат.“, напиша Кираџиева на својот Фејсбук профил.