Апасиев: Студентите во НР Кина плаќаат помалку за превоз од студентите во Македонија

Во фејсбук статус на социјалните мрежи, пратеникот од редовите на Левица направи споредба помеѓу студентските стандарди во Македонија и НР Кина, каде констатираше неколкукратни помали трошоци за превоз кај студентите во НР Кина. Во прилог неговиот став:

„Студент во Кина патува 600 km во ултрамодерен воз со брзина на авион – за 2,5 ЕУР (околу 150 денари). Студент во Македонија патува 160 km до Берово со полураспаднат автобус без клима/парно за 12 ЕУР (720 денари).“

Оваа реакција на претседателот на Левица доаѓа по срамниот обид на Владата за замачкување очи на студентите со еднократни ваучери, кое се случува непосредно пред изборите.