Земјоделците не го чекаат датумот за ЕУ, револтирани го фрлаат производството

Додека Владата и нејзината пропаганда засилено се фали дека Република Македонија ги исполнила бараните реформи од ЕУ и просперитетот е видлив за сите граѓани на државата, на социјалната мрежа фејсбук масовно се споделуваат слики и видеа од револтирани земјоделци поради ниските откупни цени. После сликите од неколку тони јаболка фрлени покрај улиците, деновиве беа објавени и видеа од земјоделците со праски во Росоман, кои незадоволни од откупните цени, го фрлаат своето производство на улица.  На видеото се гледа како еден земјоделец ги сече праските во Росоман, револтиран од откупната цена.

„Го уништија земјоделството скроз, во Росоман и околните населени места состојбата со праските не е толку лоша, понижувачка е. Мислам дека ова е крајно решение“, пишува во видеото. „Барем да не се мачиме“.

На другото видео кое го објави Сигнал.мк, цел камион полн со праски се фрла на улицата, додека се обвинува актуелната власт за лошите политики во земјоделството. За потсетување, токму министерот за земјоделство Љупчо Николовски ја доби довербата од премиерот Заев при реконструкцијата на Владата, при што беше назначен за нов генерален секретар на местото на Александар Кирацовски.

Овие видеа се објавени после вчерашната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел, каде беше потенцирано дека државата ги испорачала бараните реформи од меѓународната заедница. Се поставува прашањето за какви реформи (и во чиј интерес) постојано зборуваат европските бирократи, со оглед на сѐ поголемото незадоволство од политиките на актуелната власт.


Go unistija zemjodelieto do skroz sostojbata vo rosoman i okolnite naseleni mesta so praskite e e tolku losa ponizuvacka jas mislam deka ova e vise krajno resenie

Публикувахте от Bosko Todorov в Четвъртък, 13 юни 2019 г.