ЕВРОСКЕПТИЦИЗМОТ е новиот баук на постмодерната ера!

ЕВРОСКЕПТИЦИЗМОТ е новиот баук на постмодерната ера!

А пак за либералите, како збирштина чиј свет се распаѓа налик опашка од престарена кокошка, тој е главен и единствен алат во спроведување на интелектуалната инквизиција кон се што е различна визија од нивната или (не дај боже) критика и искажана скепса кон нивната „вистина“.

Нивната драматичност – при претставување на „резултатите“ и „прогнозите“ од канцелариски им „анкети“ за растот на скепсата кон ВАЈСТИНИТЕ за ЕУ и НАТО – е таква траги-комедија што ниту еден драмски режисер, со колку и да било бујна фантазија, не може да ја преслика на театарска сцена. Така, политичката „анализа“ во либералната демократија е едно театарско сценарио каде актерите се режисери, а интелигенцијата нивни статисти – тоа ти е претстава без актери, само статисти.

Во овој поглед либерализмот, во демонстрацијата на својата потенција за тоталитет, ја надмина и јудео-христијанската пракса. Овој се обидува да го осуди и искорне исконското во човековиот род, она што секогаш го водело кон подобро; тој сака да ја отсече скепсата, неговата љубопитност, сомнежот кон нешто, па макар и била апсолутната вистина на епохата!

Став на Реџеп Исмаил Хактан, член на президиумот на Левица.