Апасиев му најави нова тужба на Џафери – „прописно“

Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, информираа тогаш од партијата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го дискриминирал пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Се утврдува директна дискриминација врз лицето Димитар Апасиев врз основа на политичко уверување во областа на правосудство и управа, сторена од страна на Собранието на Република Македонија и Талат Џафери од функција на претседател на Собранието“, се наведува во мислењето на комисијата.

Откако информацијата дека Џафери го дискриминирал Пратеникот Апасиев и со тоа своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум по однос на „Францускиот предлог“ лидерот на Левица најави тужба до Претседателот на Собранието, за која исто така е сигурен дека ќе ја добие, како што тој нашиша „прописно“.