Фејсбук страната „Сеир“ за црни кампањи, навреди и дискредитирање потрошила 111.000 денари

Фејсбук страната Сеир, во изборниот период (од околу три месеци) потрошила 111.000 денари, за водење црна кампања, против политичките противници на СДСМ.

Оваа фејсбук страна секојдневно објавува содржини кои имаат омаловажувачка, безобразна и навредлива конотација, која најчесто изобилува со неточни информации и служи за црни кампањи и дискредитирање на личности кои се перципираат како политички противници на СДСМ.

Исто така, од нивна страна често се злоупотребувани приватни фотографии, не ретко постари повеќе и од десет години, кои им служат за потсмев и дискредитирање на нивните жртви.

Интересен е фактот, дека не може да се види јавно кој управува со Фејсбук страната Сеир. Во нивниот опис речиси нема ништо, а најлошо од се е фактот дека никој не презема одговорност за навредливите содржини кои ги пласираат во јавноста.

Потполно е нејасно зошто државните институции години наназат воопшто не реагираат за ваквите објави, кои директно го рушат угледот на поединци, правејќи ги жртви на сајбер криминал. Збунувачки е и фактот дека невладините и граѓанските организации, кои се борат против ваквите појави кои изобилуваат со говор на омраза и нарушуваат личен интегритет, никогаш не преземале ништо против оваа девијантна појава, што дополнително го отвора и сомневањето за учество на нивни членови во сето ова.

И, за крај, исто така е нејасно зошто новинарските здруженија, вистинометар, или пак Министерството за внатрешни работи, нема превземено никаква одговорност или акција за разоткривање, спречување и барање одговорност за лицата кои преку скриен идентитет, непрекинато омаловажуваат, навредуваат и го рушат угледот на голем број граѓани, каде на удар пред се сè неистомислениците со СДСМ

Од фејсбук страницата „99% Macedonia“ денес беше објавено дека страната Сеир, за црна кампања против кандидатите на опозицијата потрошила 111.000 денари.

Владината страна СеирМк има потрошено 1806 ЕВРА ( над 111.000 денари!) за околу 100 реклами на фејсбук од август до октомври. Рекламите се исклучиво црна кампања против опозицијата. Кој има 1806 евра онака да ги фрли на сеир? Од анонимност? Во политички цели? Дали новинарите истражија дали власта користи црн кеш за финансирање на нејзините режимски медиуми?!