Трговската војна на САД и Кина: Вкрстување на мечовите на Империјализмот и Социјализмот

Трговската војна на Трамп


Наметнувањете на високи царини за челик и алуминиум ескалираше во целосна трговска војна на Трамп. Односите помеѓу САД и Народна Република Кина полека зовриваат, откако минатата недела Претседателот Трамп објави национална вонредна состојба и целосно им забрани на американските компании да соработуваат со кинескиот технолошки гигант, Хуавеи.

Иако Трамп се повикува на наводни кинески обиди за шпионажа како повод за забраната, поверојатно е тој да има намера да нанесе удар на растечката технолошка индустрија во Кина, отстранувајќи го вториот најголем производител на паметни телефони во светот од американскиот пазар.

Но, обидот да се истисне Хуавеи компромитира само еден од многуте фронтови во војната на Вашингтон против растот на Кина како светска економска и политичка сила.

Изминатата година, Белата Куќа започна да ги мобилизира сопствените земји поданички против Пекинг преку Светската Трговска Организација, поднесувајќи жалба за наводна кражба на американска интелектуална сопственост од страна на Кина. Жалбата тврди дека на странските компании кои работат во Народна Република Кина им се негирани „основните права на патенти“, но во реалноста тоа се сведува на одбивањето на Вашингтон да ги следи деловните практики на Комунистичката Партија за својата земја.

Потоа, на почетокот на мај, Трамп ја продлабочи својата еконосмска војна, зголемувајќи ги царините од 10% на 25% на кинескиот увоз од 200 милијарди долари. Претседателот укажа на економскиот напад како „полесен и побрз“ потег од постигнувањето на компромис со Пекинг и вети убедлива победа; „Десетици милиони долари од царини на увозот од Кина“ со мали, или непосточки, зголемувања на цените за американските потрошувачи и компании.

Мобилизирање за економска војна против втората најголема економија во светот – што може да тргне наопаку?

Состојба на сигурен пораз?

Некои од советниците на Белата Куќа се разбирливо песимисти во врска со можноста за војна без последици. Лари Кудлоу, главен економски советник на Трамп, во едно интервју зборуваше против ветувањата на Трамп, велејќи дека „двете страни ќе платат” во маглата на трговската војна, со тоа навестувајќи ја можноста за пораст на цената на стоката за ниско платените американски работници, кои озлогласено се потпираат на евтината кинеска стока, како и товарот на тарифите за американските трговци.

И не е вистина дека Комунистичката Партија на Кина нема да се спротивстави на ваквите мерки. Министерството за трговија веќе се заколна во око-за-око одмазда со сите „неопходни контрамерки“. Освен тоа, извршниот директор и основач на Хуавеи, Рен Женгфеи, вели дека компанијата веќе „се подготвувала за ова“ и дека нема да потклекне под притисокот на Западот. За да ја докаже својата сериозност, Женгфеи вети дека компанијата ќе започне да произведува свои сопствени чипови – дел од телефонскиот уред кој тие сѐ уште го набавуваат од американски производители.

Претходник на економска криза

Војните неизбежно предизвикуваат штета на сите вклучени страни, а трговските војни не се исклучок. Веднаш откако Трамп се закани дека ќе ги подигне тарифите на САД против Кина, берзата и фјучерсите на суровата нафта доживеаа удар. Huawei очекува 20% пад во идниот раст на приходите, а американската економија несомнено нема да остане имуна на конфликтот со нејзиниот најголем трговски партнер.

Да се нештата уште полоши, историјата веќе има покажано колкава штета може да нанесат трговските војни помеѓу светски сили. Во 1930, управата на Херберт Хувер наметна царини против надворешниот извоз од целиот свет – капка што ја прели чашата и ја отпочна Големата Депресија. Нацрт-законот привлече царинска одмазда во натура од капиталистичките влади ширум светот, парализирајќи ја меѓународната трговија.

Можеби изгледа чудно што американската капиталистичка класа од една страна ја наметнува „слободната трговија” на светот, а од друга страна сега се обидува да ги заштити своите пазари, но тоа воопшто не е случајна комбинација на настани. Всушност, тоа е дел од основниот процес во одржувањето и понатамошното развивање на контролата над глобалниот империјалистички систем.

Историјата се повторува

Револуционерниот комунистички и политички теоретичар, Владимир Ленин, детално ги анализира сличните политики на империјалистичките сили во својата книга „Империјализмот, највисок стадиум на капитализмот“ пред повеќе од 100 години. Светот беше на многу начини различни, но на многу други, особено економски, сличен, кога глобалниот капитализам што го знаеме денес се појавуваше.

Ленин напишал дека поминати се времињата на мали сопственици, слободен натпревар и демократија, и дека капитализмот каков што бил познат во „далечното минато“ прераснал во империјализам – „светски систем на колонијално угнетување и финансиско задушување на огромното мнозинство од светското население од страна на неколку ‘напредни’ земји“. Дополнително, таквиот премин настана со монополизирање на индустриите во рацете на се помалку и помалку капиталисти.

И нема недостаток на докази кои укажуваат на капиталистичка монополизација низ историјата на економскиот развој на САД. Еден пример е медиумска индустрија, која во 1983 година опфати 50 компании кои контролираа 90% од сето она што Американците го читаа во весниците и слушнаа на телевизорите и радијата. Сега само 6 компании контролираат 90% од истиот капитал, работејќи заедно со Вашингтон за да произведат пропаганда и да ја минимизираат конкуренцијата меѓу веќе воспоставените олигарси.

Централизирањето на поголема економска моќ во рацете на помалку капиталисти им овозможува на империјалистичките влади и нивните корпорации поефикасно да ги експлоатираат ресурсите ширум светот. Токму затоа, империите од почетокот на 20 век и американската империја денес наметнуваат царини – за да го забрзаат „концентрирањето и формирањето на здруженија на монополистички производители, картели, синдикати итн.”

Современите империи се обидуваат да ги поделат ресурсите во светот помеѓу себе, но, како резултат на тоа, го вовлекуваат „целиот свет во нивната војна за поделба на нивниот плен”. Двете Светски војни настанаа после нивната неспособност за компромис, водејќи го светот во пропаст и предизвикувајќи многубројни социјалистички револуции против светскиот империјалистички поредок.

Сега кога Кина почнува да претставува закана за униполарната доминација на Вашингтон на светските пазари, САД мора да наметне царини од истата причина поради која наметна царини во почетокот на 20 век – за да го задржат своето влијание врз најголемиот дел од економскиот колач.

Сепак, сегашната економска војна беснее во уникатни услови кои светот никогаш досега не ги видел. Тоа не е расправија помеѓу империјалистичките сили за доминација на светските пазари, исто како што не е ниту расправија помеѓу планираната економија и слободните пазари каков што беше случајот во Студената војна помеѓу САД и СССР. САД се соочува со предизвик од земја со социјалистички идеали за иднината на светот, која во исто време може да ги победи империјалистите на сопствената пазарна игра.

Можеби овие социјалистички идеали значат дека победа на Кина во трговската војна на Трамп би ја спречила војната и револуционерните кризи кои следат после вакви едни ситуации, но само времето ќе ја покаже исправноста на едно такво тврдење.


Преведено од UWidata.