Инфлуенсерката Ејупи ќе биде македонски конзул во Њујорк, синот на Муслиу во Чикаго

Вчера вечерта, на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, Владата го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк, додека синот на про-владиниот „аналитичар“ Алберт Муслиу, Петри Муслиу за генерален конзул во Чикаго.

Инфлуенсерката и презентерка Ејупи која ќе биде македонски конзул во Њујорк, од дипломатско искуство има изготвувано прилози и водено емисии. Таа завршила образование на приватниот ФОН Универзитет. Нејзините постдипломските студии и биле на Штуловиот јавно-приватен Универзитет.

Што се однесува до Петри Муслиу тој е син на Албер Муслиу, човек кој секојдневно го гледаме на националните телевизии како ги брани политиките на СДСМ и години наназад црпи средства од европските фондови, кои практично се во служба за Владин ПР.

Ниту Ејупи ниту Муслиу не се кариерни дипломати, односно не се од МНР, што досега, освен исклучоци беше пракса, а според информациите кои протекоа во јавноста двајцата се блиски со функционери на ДУИ.

Во наредниот период по консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.