Го сакам Водно: Без решение денес се рестартира сечата на Водно!

На својот фејсбук профил, иницијативата „Го сакам Водно” објави фотографии од денешното рестартирање на сечата на Водно, за кое потенцираа дека е без никаква најава. Во продолжение го пренесуваме целото соопштение.

„Само напред, се уништете, без закони и прописи! Она од што најмногу стравувавме, рестартирање на градбата и сеча на шумата на Водно, се случи! Уништена е шумата на потегот Бел Камен бункери! Без најава! Без решение за измени во тек на градба!

Немаме информации дали Град Скопје издал ново Решение за сеча, сегашното, кое е крајно дубиозно, важи до 1 март, петок. Ако издаде, заедно со МЕР се директни учесници во овој дрзок и криминален чин. Се гледаме утре!”