Спас за Гевгелија: Уставниот суд ја поништи одлуката за распишување референдум против рудници

Во прилог ја објавуваме реакцијата на „Спас за Гевгелија“ за
поништената одлуката на Општина Гевгелија за распишување на референдум против отварање на рудници во Гевгелија.


БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА

Намерно направивме пауза, бидејки во изминатиот период имавме тотална контаминација на информативниот простор со неброени небулози и пародии кои беа “главни вести“, така да за реалните проблеми и случувања немаше никаков простор.

Во декември 2018 година, Уставниот суд, со решение У.бр. 78/2018 ја поништи одлуката на Општина Гевгелија за распишување на референдум против отварање на рудници во Гевгелија. Оваа одлука е флагрантно кршење на УСТАВОТ НА РМ и тоа од тие што треба да го бранат Уставот. Поголема неправда не е можна. 
Но, ние граѓаните, единствениот суверен на нашата држава, во целост ја отфрламе оваа одлука и покренуваме постапка за разрешување на судиите на Уставниот суд. Доста беше.

Во јануари 2019 година, Собранието на РМ ги усвои измените на Законот за минерални суровини со кој се забранува користењето на цијанид и сулфорна киселина во рудницте. Исклучок се постојните рудници. 
Николајчо од Бучим, ќе покренал иницијатива пред Уставен суд за да го поништи овој закон. Имајки во предвид за каков Уставен суд станува збор, повеќе од јасно е дека и овој закон ќе биде поништен.
Но, ние граѓаните, единствениот суверен на нашата држава му порачуваме на: Николајчо, Уставните судии и политичарите кои се креатори на оваа геноцидна политика, дека не само што ќе нема нови рудници, туку ќе бидат затворени и постојните. 
Зарем мислите дека ќе седиме мирно и ќе дозволиме половина Македонија да биде претворена во пустина и да бидат иселени 500.000 Македонци. Доста беше.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА. СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!!!

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВАНамерно направивме пауза, бидејки во изминатиот период имавме тотална контаминација на…

Публикувахте от Спас за Гевгелија в Вторник, 22 януари 2019 г.