Левица: Поддршка за венецуелскиот народ во борбата против империјализмот!

Реакција на секторот за надворешна политика на политичката партија Левица.

Поддршка за работниците и селаните во Венецуела, поддршка за нивната партија Обединета Социјалистичка Партија на Венецуела, поддршка за демократски избраниот претседател Мадуро! 

Денеска лидерот на опозицијата во Венецуела одржа говор на кој се прогласи себеси за претседател, иако не ни учествуваше на фер изборите во кои Мадуро победи. Неговиот проглас беше координирано поддржан од скоро сите американски држави (први САД и Бразил), освен левичарските влади во Мексико, Куба и Боливија. Ова е грозно мешање во внатрешните работи на суверена држава и, како што народот во Македонија искуси, тоа не е прв пат за САД. Империјалистичката САД има за цел да ја контролира нафтата во Венецуела и е спремна да соработува со фашистичката опозиција за таа цел. 

Мадуро најави прекин на дипломатските односи со САД и им даде на американските “дипломати” 72 часа да ја напуштат земјата.

Ова не е прв обид за државен удар во Венецуела од страна на про-империјалистичката олигархија и се надеваме дека ќе заврши како и претходните – неуспешно и без големи крвопролевања.