Левица: Неодземањето на имунитетот на Вељановски е уште еден договор на СДСМ-ДУИ и ДПМНЕ

„Денешниот политички циркус уште еднаш ја демонстрира комплетната вазалност на најголемите политички партии, чие владеење со анти-народни политики е легитимно единствено пред странскиот фактор и нивните геостратешки интереси.

Неодземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски, најпрво од Комисијата, а потоа и со договореното прекинување на собраниската седница од Талат Џафери, претставува уште еден договор на СДСМ-ДУИ и ДПМНЕ за амнестирање на нивните тешки криминали со кои заеднички ја опустошија Република Македонија. Целиот овој театар на меѓусебни препукувања за лоцирање на виновникот претставува обично замајување за народот, со цел ниту еден функционер да не биде гонет и кривично да одговара. Молкот на меѓународната заедница пред континуираното кршење на законите и Уставот и договорените амнестии, со единствена цел влез во агресорниот НАТО пакт, потврдува дека овие парламентарни партии единствено работат само за своите и интересите на странските елити.

Овие криминални здружувања не го црпат легитимитетот на владеење од сопствениот народ, туку од нивните странски наредбодаватели и како такви мора да бидат целосно збришани од политичката сцена.” – стои во соопштението на политичката партија Левица.