АктуелноИнтернационално

Франција соочена со тужба поради своето колонизаторско минато

Франција се соочува со тужба пред Меѓународниот Кривичен Суд за злосторства против човештвотото. Оскар Темару, лидер на опозициската политичка партија Тавини која се залага за поголема автономија на Француска Полинезија од нејзиниот колонизатор Франција, ја најави оваа тужба на средба за деколонизација одржана во Обединетите Нации.

Обвинувањата се однесуваат на француски нуклеарни тестирања кои предизвикале 368 случаи од радиоактивни последици, како и загадување на океанот за време на тестирањата. Франција спроведила 193 нуклеарни тестови во регионот од 1960 до 1996 година што резултирало со илјадници заболени за време на тестирањата. Иако илјада поединци поднесоја директни тужби против Франција, повикувајќи се на неколку болести,  само дваесет поединци беа компензирани.

Ова не е прв случај во кој развиените европски држави се соочуваат со последиците од своето брутално ограбувачко минато. Против Германија е поднесена тужба од страна на властите во Намибија (поранешна Југозападна Африка) и барање за признавање на колонијалните геноцици извршени од германската држава. Во преговорите кои се водат помеѓу двете држави, Германија континуирано се обидува да го избегне офијалното извинување за геноцидот во кој илјадници од домородното африканско население беа убиени, вклучувајќи жени и деца. Во досегашниот тек на преговорите, германските власти се обидуваат да го протуркаат предлогот за фондови за помош, со цел да избегнат плаќање репарации што би предизвикало бран на барања за репарации и од други поранешни германски колонии.

France Sued For Crimes Against Humanity

France may have to answer for the legacy of colonialsim.

Публикувахте от teleSUR English в Четвъртък, 11 октомври 2018 г.