Кустурица: Србите на Косово го бранат своето право на постоење

Србите кои поставија барикади на северот на Косово го бранат своето постоење и секој со чувство на пристојност треба да го поддржи тоа, рече наградуваниот режисер Емир Кустурица.

„Кој има и тронка сочувство, не може да се откаже од луѓето кои поставуваат барикади за да го одбранат своето право на постоење“, изјави Кустурица за белградски „Новости“.

Toj додаде дека ги подржува барикадите и дека доколку може би им се придружил.

„Да можев да им се придружам, би. Меѓутоа, бидејќи ми е забранет влезот во Косово, можам да стојам на нив само со зборови и дела“.

Истакна и дека народот на таков драстичен чекор не бил доведен од утеха или ароганција, туку од „големата неволја“ во која се нашол.

Кустурица ја коментираше одлуката на властите во Приштина да му забранат на патријархот Порфириј да влезе во Косово, поради тековниот конфликт со локалните Срби.

Жителите на неколку општини во северно Косово поставија барикади претходно овој месец, протестирајќи против апсењето на српски полицаец и големото полициско присуство на етнички Албанци во нивните заедници. Приштина бара отстранување на барикадите, заради „слободно движење на сите граѓани“.

Властите во Приштина тврдат дека Русија стои зад неодамнешните немири, кои Србија ги нарече „лоша лага“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ официјално побара враќање на до 1.000 српски војници и полицајци во Косово, како што е предвидено со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, која исто така го одобрува присуството на НАТО во покраината. Тој рече дека западните лидери приватно му кажале дека немаат намера да се усогласат со резолуцијата или со неговото барање.

Кустурица е познат филмски режисер, актер, писател и музичар, кој живее во западна Србија, во традиционалното село Дрвенград, кое го изгради како сет во 2004 година. Добитник е на повеќе награди на филмски фестивали во Кан, Венеција и Берлин, а во 2016 година го доби Орденот за пријателство од Русија.