АктуелноЛокално

Најголемиот акционер на Еуромакс Рисорсис одговорен за смртни случаи од отровен отпад

Реакција на иницијативата „Здрава котлина”.

НАЈГОЛЕМИОТ АКЦИОНЕР НА ЕУРОМАКС РИСОРСИС ОДГОВОРЕН ЗА СМРТНИ СЛУЧАИ ОД ОТРОВЕН ОТПАД!

Работник кој помага да се исчисти отровниот отпад во Абиџан, Брегот на Слоновата Коска. Отпадот, исфрлен од танкер, предизвикал осум смртни случаи

Trafigura Ltd. е името на британската компанија која менаџментот на Еуромакс Рисорсис постојано го спомнуваат како еден од двата главни акционери, а во желба да го претстават рудникот Иловица-Штука во позитивно светло. Трафигура е трговска компанија и инвеститор во експлоатација на природни ресурси, официјално, но тие имаат и една друга „дејност“. Имено, предизвикуваат смрт, тешки заболувања, пометнувања кај жени и слични ужаси. Пред неколку години, лондонски Гардијан објави огромен скандал со Трафигура и крвавата заднина на нивниот профит: прикривале погубни последици од нивниот нафтен отпад во Африка. Плус застрашувале и замолкнувале новинари. Случајот стигна и до ОН. Гринпис исто така покренаа акција против нив. Не се сомневаме дека би Трафигура/Еуромакс би ги криеле и последиците од рудникот Иловица-Штука, како што досега се обидуваа.

Трафигура од Африка се извлече со исплата на енормни парични обештетувања. Еуромакс Рисорсис и онака се во распад, тие очајнички се фатиле за овој рудник, бидејќи само тој може да ги спаси од банкрот, бескрупулозно обидувајќи се да ги прикријат кобните последиците од рудникот. Ги известуваме дека наскоро ќе банкротираат, бидејќи рудник нема да има. Ги известуваме вработените во компанијата да си бараат нова работа, а некои веќе и го прават тоа. Следствено, пред истекот на рокот во вторник, ја известуваме и Владата на РМ дека нема никакво право да им верува на овие белосветски хохштаплери, со оглед на тоа што сѐ прикриваа(т). Веќе работиме на тоа меѓународната јавност да дознае сѐ и за и околу Еуромакс Рисорсис. Страшно е сето ова.
(Во продолжение, интегралниот текст на Гардијан).

КАКО БРИТАНСКАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ТРАФИГУРА СЕ ОБИДЕ ДА ПРИКРИЕ КАТАСТРОФАЛНО ЗАГАДУВАЊЕ ВО АФРИКА
• Трафигура нуди отплата за 30,000 жртви на депонирање отровен отпад
• Тајна е-маил трага ја обелоденува вистината зад правната битка вредна 100 милиони фунти

Гардијан денес може да обелодени доказ за масовно прикривање од страна на британската нафтен трговец Трафигура, во една од најлошите загадувачки кастастрофи во поновата историја.

Интерни е-мајл пораки откриваат дека Трафигура, која вчера одненадеж објави понуда за исплаќање компензација за 31,000 жртви од Западна Африка, била целосно свесна дека нејзиниот отпад, складиран во Брегот на слоновата коска, бил толку отровен што бил забранет во Европа.

Во 2006 гидина, илјадници западноафриканци ги опседнаа локалните болници, еден дел од нив умре по складирањето на стотици тони високотоксичен нафтен отпад во близина на главниот град Абиџан. Официјалната локална аутопсија известува за 12 наводни жртви кај кои се појавиле фатални нивои на отровниот гас хидроген сулфат, еден од смртоносните нус-производи од отпадот.

Трафигура, во тек на три години јавно инсистираше дека нејзиниот отпад е рутински и безопасен. Тврдењата на компанијата беа дека „апсолутно не е опасен“.

Таа досега ги отфрлаше барањата за компензација, а нејзините адвокати постојано им се закануваа на сите оние кои ширум светот се обидоа да ја оспорат нејзината верзија. Компанијата покрена тужба за клевета против BBC Newsnight, изнуди исправка од Times, бараше од Гардијан да брише текстови, а вчера се обиде да замолкне новинари во Холандија и Норвешка со закани за судење.

Но десетиците разобличувачки интерни е-мајлови на Трафигура, кои сега доведоа до лесно откривање на тоа како на трговците однапред им било кажано дека нивната планирана хемиска операција, евтин и валкан процес наречен „каустично перење“, произвел такви опасни отпади, што довело до тоа на западот да бидат нашироко ставени вон закон.

Документите откриваат дека трговците со седиште во Лондон се надевале да направат профит од 7 милиони долари со купување на она што тие го нарекувале „проклето евтини“ товари на со сулфур контаминиран мексикански бензин. Тие решиле да се обидат да го процесуираат горивото на палубата на еден танкер кој бил укотвен на оф-шор дестинација, создавајќи отровен отпад кои тие го нарекувале „талог“.

На 10 март 2006 година, еден од трговците напишал: „Не знам како да се отарасиме од талогот, и не имплицирам дека треба да го депонираме, но сигурно мора да постои некој начин да платиме некого за да го земе.“ Како резултат на тоа, црната, смрдлива каша евентуално била складирана во депонии во Абиџан, откако Трафигура платила некој локалец да го однесе со камиони-танкери по евтина цена.

Адвокатската канцеларија кој ја застапува Трафигура, Картер-Рак (Carter-Ruck), неодамна бараше Гардијан да избрише објавени текстови, тврдејќи дека било „сериозна клевета“ и „невистинито“ да се каже дека отпадот на Трафигура е евтино депониран и дека може да предизвика смрт и сериозни повреди. Холандскиот весник Volkskrant и Норвешката ТВ изјавија дека вчера исто така им се заканувале со замолкнувачки акции. Трафигура исто така покрена тужба за клевета акција против BBC Newsnight, жалејќи се дека била неоправдано обвинета за причинување смрт, изобличувања испонтани абортуси, и дека „претрпеле сериозна штета по нивната репутација“. БиБиСи оваа недела започна борбена одбрана, обвинувајќи ја Трафигура за тоа дека знаеле дека хемикалиите се „високотоксични, потенцијално смртоносни и претставуваат сериозна закана за јавното здравје“. Радиодифузерот исто така наведува наводно прикривање, тврдејќи дека на негирањата на Трафигура „им недостига кредибилност и искреност“.

Специјалниот известувач за човекови права на ОН, професор Окечукву Ибеану ја критикуваше Трафигура за потенцијално „загушување на независно известување и јавна критика“ во извештајот кој оваа компанија за трговија со нафта не успеа да спречи да биде објавен неделава во Женева.

Тој напиша: „Според официјалните пресметки, имало 15 мртви, 69 хоспитализирани и повеќе од 108,000 медицински консултации…се чини дека постои силен prima facie (лат. на прв поглед – заб прев.) доказ дека пријавените смртни случаи и негативните здравствени последици се поврзани со депонирањето“.

Лобистот на Трафигура Бел Потинџер изјави дека бил „ужаснет“ од извештајот, тврдејќи дека тој бил „предвремен“, „неточен“, „потенцијално штетен“, „слабо истражуван“ и со „длабоки недостатоци”.

Вчера Гринпис во Амстердам најави законска акција , повикувајќи нафтената компанија да биде обвинета за убиства или за тешкиителесно оштетувања. Тие изјавија: „Ова намерно загадување…причини многу луѓе да претрпат сериозни повреди, па дури и доведе до смрт“.

Трафигура изјавија дека „целосно ги отфрла“ обвинувањата за прикривање. „Секоја изјава која беше дадена…беше дадена со добра верба“. Компанијата вели дека извшетаите од аутопсијата биле неиздржани и дека хидроген сулфатот во отпадот бил присутен само во „потенцијален“ облик. Тој всушност никогаш не бил активен. Компанијата вели дека е-мејловите содржеле суров и невкусен јазик, но биле „извадени од контекст“ и не требало да „бидат сфатени буквално“.

Компанијата ги повторува негирањата дека талогот може да предизвика смрт или сериозни повреди и дека е високотоксичен. Го негира и составот на талогот.

Ненадејната јавна изјава со понудтаа за обештетување во компензациски случај уследи по вчерашните обиди за спречување на објавувањето на документите на Трафигура. Компензациската зделка најверојатно ќе биде веднаш потврдена, според Мартин Деј, постар партнер на британската адвокатска фирма Leigh Day, што доведе до една од најголемите групни обештетувања во историјата на правото, со побарување од 100 милиони фунти.

Денес, во Абиџан, каде што преговараше за спогодбата, тој изјави: „Тужителите се мошне задоволни“.

Трафигура изјави дека зделката – со необелоденета сума – најверојатно ќе биде прифатлива за повеќето, ако не и за сите тужители. Тоа било засновано на прифаќањето дека компанијата нема одговорност за најсериозните смртни случаи и повредени, претпоставени во скандалот со депонирањето на отпадот. Трафигура вели дека тие се трета по големина во светот приватна нафтена компанија, а за минатата година пријавила профит од 440 милиони долари. Секој од нејзините 200 трговци примал годишни бонуси и до 1 милион долари.