За сиријците или за воено-индстрискиот комплекс?

Кога станува збор за односот спрема „мислата“, единствено полошо од одбивноста спрема зголемувањето на познавањата и на мисловните капацитети (анти-интелектуализмот) е интелектуалната мастурбација. Нападот на Сирија и реакциите кон истиот на одредени интелектуалци (во современата, импотентна, смисла на зброт) даваат добра можност обичниот човек да ги оцени карактерот и корисноста на себепрогласените современи мислители, без да е предуслов изучувањето на академски (читај: свети) писанија.

Ретко кого залажува приказната дека САД, светскиот злосторник број 1 по секој параметар, имаше хуманитарен мотив во испукувањето на ракети вредни вкупно 244 милиони долари. Ретко кого освен, се разбира, оние кои читањето книги и уживањето ситни полупривилегии, место да им го прошират разбирањето за реалноста, ги тераат да ја заборават. Не ни е потребна генијалноста на Ајнштајн за да пресметаме дека овие пари, ако имаа хуманитарна цел, можеа 4 пати да ја платат поправката на водоводните системи во Флинт (Мичиген) каде жителите со месеци немаат вода за пиење, во историски најбогатата држава во човечката историја.

Не ни треба военото искуство на американскиот претседател и генерал во втората светска војна, Ајзенхауер, за да забележиме дека парите потошени за оваа воена интервенција ќе завршат во воено-индустрискиот комплекс, за кој тој предупредувше уште во 50тите години на минатиот век. Комплекс кој финансира и спонзорира огромен дел од политичко-медиумскиот простор во САД.

Не ни е потребен ниту „бизнис носот“ на господинот Кочо АнѓуевОрце Камчев да сфатиме дека на американската економија (или барем на тие што ја управуваат) и е во полза американска компанија да ги експлоатира природните ресурси (нафта) во Сирија и гасоводот кој би поминувал низ Сирија да биде во сопственост на американска компанија. Две работи, меѓу другите, кои не им се дозволени поради политиката на Башар ал Асад за водење сметка за интересите на домашната, наместо странската, класа капиталисти.

Што не значи дека било кој се залага за подобрување на состојбата на обичниот човек (работникот) би требало да се надева само на крај на војната и на задржување на старата статус кво ситуација. Среднорочна цел на левицата воопшто треба да е работничка власт. Но, за жал, во Сирија и во други земји врз кои силно се обрусил империјализмот, не може да биде и краткорочна. Реалноста, што и „неписмените“ (како што нашите интелектуалци ги нарекуваат оние кои не се согласуваат со нив), можат лесно да ја увидат дека главниот проблем на сиријскиот работник не е ниската плата или состојбта на работничките права, туку бомбите и куршумите што секојдневно буквално летаат над нивните глави. А метафорички „летаат над главите“ на интелектуалните „мислители“.

Секоја теорија која овој факт не може да го срочи и анализира, а како што е често случајот, ниту да го забележи, е бескорисна.
Останува секој за себе да си го одговори прашањето: „Ти за кој си? За сиријците или за воено-индустрискиот комплекс?“. И за кого би бил во ситуација да стои работникот во Македонија, наместо во Сирија, спроти воениот имперјализам?

Гораст Муратовски