Солидарност и со уништеното културно наследство од страна на западната цивилизација

“Акo јa чувствувaш сoпственaтa бoлкa, жив си.
Акo јa чувствувaш туѓaтa бoлкa, ЧOВЕК си”

Водејќи се токму од оваа максима на општата човечка филозофија, вчера целиот свет, без разлика на раса, нација и религија, се солидаризираше со Францускиот народ. Сега откако помина шокот и спласнаа реакциите за пожарот во катедралата „Нот’р Дам“, да ја погледнеме и другата страна на медалјата.

Народите кои не припаѓаат на Франкофонските земји и римокатоличкиот свет, реагираа како да гори дел од нивната земја, светост и душа. Но на секој човек на ова планета, посебно на народите од западниот свет, треба да им е кристално јасно дека „Нот’р Дам“ и Ајфеловата кула во Париз, Биг Бен и Тауербриџ во Лондон, Бранденбуршката порта во Берлин, Колосеумот во Рим, Саграда во Барселона, Статуата на слободата во Њујорк, Опера Хаус во Сиднеј и другите симболи на западната цивилизација, не се единствените репрезенти на светската култура и уметност !

Пирамидите и сфингите во Египет, Кинескиот ѕид, Таџ Махал во Индија, џамиите “Ал-Акса” во Ерусалим и “Султан Ахмет” во Истанбул, црквaтa “Св. Василиј” во Москва, хиндуистичкиот комплекс храмови “Ангкор” во Камбоџа, храмот “Сенсо-џи” во Токио исто така се нераскинлив дел од светското културно ткиво !

За жал кон оваа листа треба да се додадат и културните наследства кои потонале на дното на историјата, благодарение токму на “амбасадорите” на западната цивилизација како што се шпанските конквистадори, англиските и француските колонијалисти, а во поново време и американските империјалисти. Уништените цивилизации на Ацтеките и Инките, рушењето на античкото наследство на Блискиот Исток, посебно античкиот град Палмира во Сирија, експлоатирањето на целокупното природно богатсво на поробените земји низ светот, во најмала рака ја заслужуваат истата наша солидарноста покажана вчера, ако не и многу повеќе од тоа.

Фејсбук статус на Сенад Арслан.