Отворен здружен проглас на младиот човек во Република Македонија и Грција

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Стотина млади луѓе од Република Мекедонија и од Грција вчера објавија заеднички отворен проглас, кој ги артилулира нивните позиции во однос на меѓудржавните односи. „Младите од Грција и Република Македонија имаат заеднички интереси и стремежи, кои се засенети од театарот на политичкиот естаблишмент. Се објавуваме здружено за да укажеме на тоа, за да ги огласиме нашите погледи и заложби, за да воспоставиме основа за нов, солидарен и другарски Балкан!“ – велат тие.

Прогласот е овјавен на четири јазика (македонски, грчки, албански и англиски) и негови потписници досега се речиси 200 младинци од двете земји, од различна возраст и етницитет. Под прогласот, кој е отворен за потпишување, постојано се вбројуваат десетици нови потписи, што упатува дека фронтот на прогресивната младина на просториве е широк и цврст. Целосното писмо, заедно со потписите е достапно овде, а во продолжение ги пренесуваме македонската и албанската верзија на текстот на прогласот.

Отворен здружен проглас на младиот човек во Република Македонија и Грција / Deklarim i hapur i përbashkët i të rinjëve në Republikën e Maqedonisë dhe Greqi

Ние, младите во Република Македонија и во Грција, затекнати во виорот на констатирања, толкувања и предложени решенија на билатералниот спор, зад кои препознаваме дека се испреплетуваат низа интереси на политичко-економските елити во нашите земји, кои ги засенуваат нашите колективни интереси, се чувствуваме повикани да се објавиме!

Во овој обид за решавање на спорот, препознаваме само нов облик на старата политика, која, како и порано, ги потиснува горливите социо-економски прашања. Во изминативе години, таа политика, водејќи се по принципот „раздели па владеј“, создаде (како антитеза) свест дека меѓу нас не постои суштинска разлика, туку дека споделуваме ист реалитет. Оваа свест, од никулец до зрелост, беше посредувана од политиката на кратење на нашите права во име на политичкиот императив на слободниот пазар, проникнат со митовите на национализмот.

Слободното и квалитетно образование, и во Грција и во Република Македонија, од цивилизациска придобивка што треба да ја уживаат сите, беше систематски трансформирано во привилегија на малкумина. На внатрешен план, пак, профитот постепено го истиснуваше просветителскиот карактер на образовниот процес. Згора на тоа, нашето секојдневие е исполнето со социо-економското обесправување на младиот човек, кое стана еден од приоритетните принципи на владеење. Воедно, како последица на воспоставениот економски модел, прекарната состојба и младинската невработеност станаа неизбежна карактеристика на нашите општества, која постојано сее социјална, економска и егзистенцијална несигурност. Оттука, младите во нашите општества засилено се иселуваат, резигнираат, деполитизираат и самоуништуваат.

Пазарните принципи, врз кои се засновани политиките на нашите досегашни влади, неизбежно, имаат ефект во распределбата на јавното, преку континуирано истиснување на младите од системот на социјалната, здравствената и еколошката грижа на државата. Политичката интеракција, пак, беше соодветно структурирана за да оневозможи младиот човек да размислува, развива и пласира нови општествени хипотези. Национализмот, од една, а сиромаштијата, од друга страна, влијаат и врз младинската мобилност. Ние имаме сè помалку услови, а – поради потхрануваната меѓусебна омраза – и мотиви за соработка, за да делуваме и да се развиваме заедно. Додека капиталот патува непопречен од национализмот, ние, управувани од обата, остануваме усидрени во границите на своите земји.

„Македонија е наша!“, во нашиот контекст, е националистичкото кредо со кое се изместува причинско-последичната врска на нашиот социјален пад. Тоа е формулата што причината за сопствената обезмоќена положба ја сместува во Другиот, наместо во економско-социјалните политики на центрите на моќ.

Денес, повеќе од кога било досега, дојде време да ги огласиме прогресивните сили во нашите општества. Да го покажеме нашето единство во борбата против заедничиот непријател, бидејќи, во Грција и во Република Македонија, непријателот се наоѓа во банките и министерствата. Да нагласиме јасно дека овој проблем не е наш и дека, во екот на омразата, поделбата и шовинизмот предизвикани од него, постојат луѓе кои се наоѓаат за пријатели и сојузници против оној кој им го погазува заедничкиот интерес.

Ние сакаме мир, пријателство и соработка помеѓу нашите земји. Застануваме во заедничка борба против политиките на штедење, осиромашување и маргинализација на младината. Ние сме против приклонувањето на нашите земји кон воено-империјалистичките сојузи и бараме мир на Балканот. Го сметаме горенаведеново за многу посуштинско од опсесиите и неразумниот фанатизам во однос на ова или она име. Цврсто веруваме дека проблемот со името може и мора да биде решен низ консензус базиран на мир и соработка меѓу луѓето од двете држави, кој ќе ги рефлектира вредностите на солидарноста меѓу работниците и младината, како и борбата против какви било националистички убедувања, кои генерираат омраза.


Ne, të rinjtë në Republikën e Maqedonisë dhe në Greqi, të gjetur në rrëmujën e konstatimeve, dhe sqarimeve të vendimeve të propozuara për kontestin bilateral, pas të cilave dallojmë se po ngrthehen interesa të mëdha të elitave politiko-ekonomike të shteteve tona, të cilat i lënë nën hije interesat tona kolektive, ndiejmë thirrje që të ngrejm zërin.

Në ktë formë të zgjidhjes së kontestit dallojmë një formë të re të politikës së vjetër. E cila, si më parë vetëm i ngushton dhe shtyp problemet dhe pyetjet kyçe socio-ekonomike. Viteve të kaluara kjo politikë duke u udhëhequr nga principet “ndaj dhe sundo” krijoi si (antitezë) vetëdije se ndërmjet nesh nuk egziston dalim esencial, por se ndajmë realitet të ngjajshëm. Kjo vetëdije, nga lastari deri në pjekuri ishte ndërmjetsuar nga politika që shkurtonte të drejtat tona në emer të inperativit politik të tregut të lirë, i mbirë me mitologjitë e nacionalizmit.

Arsimimi i lirë dhe kualitativ si në Republikën e Maqedonisë dhe ne Greqi nga pëfitimi civilizues që duhet ta gëzojnë të gjith, ishte transformim sitematik në privilegj për një pakicë. Në planion e brënshëm profiti gradualisht e shtypte karakterin edukativoarsimorë. Mbi këtë, perditshmërija e jonë për çdo dit është mbushur me padrejtësi socio-ekonomike të të rinjëve që u shëndërrua në një nga principet prioritare të pushtetimit. Njëherit si pasojë i aplikimit të modelit ekonomik, situata e ngarkuar dhe papunsija e rinisë u shendërruan në një situatë të pashmangshme karakteristike për shoqëritë tona e cila vayhdimisht mbjell pasiguri, ekonomike, sociale dhe ezistenciale. Nga këtu, të rinjtë të shoqërive tona masovikisht shpërngulen, rezignohen, depolitizohen, dhe vetzhduken.

Principet tregëtare të cilat vendosen mbi bazë të politikave të qeverive të vendeve tona deri tani, kan efekt të ngushtimit të shpërndarjes publike përmes ngushtimit në kontinuitet të të rinjëve nga sistemi social, shëndetsorë dhe nga kujdesi ekonomik të shtetit.

Interaksioni politik ishte strukturuar në mënyrë të posaçme që ti pamundësojë të rinjtë që të mendojë, të zhvilloi dhe plasoi hipoteza të reja. Nacionaliymi nga njëra anë dhe varfërija nga ana tjetër ndikojnë mbi mobiliyimin rinorë. Ne kemi shum pak kushte, por dhe nga ushqimi i urrejtjes midis nesh, dhe motivet për bashkëpunim të ndërsjellt të veprojmë dhe të yhvillohemi së bashku. Përderisa kapitali udheton i papenguar nga nacionalizmi, ne te udhehequr nga të dzjat, mbetemi të nguluar në kufijt e vendeve tona.

“Maqedonija jonë!”- në kontekstin tonë , është vatër nacionaliste me të cilën ndyshohet shkaku dhe pasoja, lidhja e rrugtimit tonë social. Kjo eshte formula e cila shakun për mosmundësinë e vet dhe pafuqine , e vendos në Tjetrin, në vënd në ate të politikës ekonomiko-sociale të qenrdave të fuqishme.

Sot, në dallim nga e kaluara, ka ardhur koha që ti alarmojmë forcat tona progresive në shoqërit tona. Ta tregojmë solidaritetin tonë dhe unitetin tonë në luftën kundër armikut tonë të përbashkët, sepse ne Greqi dhe në Republikën e Maqedonisë, armiku gjindet nëpër banka dhe nëpër ministri. Të potencojmë qartë se ky problem nuk është vetë i yni, dhe se gjat kohës së urrejtjes, ndasive dhe shovinizmit të shkaktuara nga kjo, egzistojn njerëz që mund ti kesh miq dhe aleat, kundër atyre që shkelin mbi dinjitetin dhe interesin e përbashkët.

Ne duam paq, pashkëpunim dhe miqësi mes dy vendeve tona. Qëndrojmë bashkë në luftën kundër politikave të kursimit, varfërimit dhe margjinaliyimit të të rinjëve. Ne jemi kundër mbështetjes së vendeve tona kundrejt aleancave ushtarako-inperialiste, dhe kërkojmë paqë në Ballkan. E llogarisim të lartpërmendurën si shum më me interes se sa opsesionet e fanatiymit të pakuptimt në lidhje me ket apo atë emër. Thellë jemi të bindur se problemi me emrin, patjetër duhet zgjidhur me konsesus i bazuar përmes paqës dhe bashkëpunimit të njerzve nga të dz shtetet, ku do të reflektohen vlerat dhe solidariteti mes puntorve dhe të rinjëve, si dhe lufta për cilat do qofshin bindje nacionaliste që gjenerojnë urrejtje.