Неолиберализмот како ортодоксија во економијата и политиката воопшто – излишноста на економскиот раст

„Тој што се залага за неограничен економски раст во ограничена планета ако не е луд тогаш сигурно е економист.“

Кенет Болдинг

Како во секоја ера на историјата така и во ерата на капитализмот преовладувачките поимања за политиката и економијата како нејзина темелна гранка, ги одразуваат само интересите на владеачките класи. Но сепак, она што е карактеристично за ерата на капитализмот (особено во неговата „робокап“ верзија со неолиберален софтвер) пак е што во хегемонијата на идологијата се оди чекор понатаму, при што карактеристичното постоечко поимање на политичката економија интернализирајќи се бива представено како корисно за сите класи; кое понатаму истото се универзализира во сите пори на општетството – било институционални или вон институционални и неформални. Политиката и идеологијата се засновани на и условени од односите на производството кои што се носечки столбови како темел врз кој се заснова општеството во целина. Идеологијата, во овој случај политичката, ја врши улогата на легитимирање на резултатите од економијата. Тука пред се се нашата влада, медиумите, интелектуалниот слој; сите во улога на општествени сили кои прават да капиталистичката економија и сите нејзини нус продукти да изгледаат природно, неизбоежно па понекогаш дури представено и како праведно. И тоа е можеби сосема нормално за секој систем кој си ги гради условите што му овозможат да опстои и продолжи понатаму.

Имено, филозофијата на неолибералните економски политики преку пропагандата на технички и експертски пристап се протна како таква и се артикулира како суштина не само на европските, туку и на глобалните финансиско економски институции како и во економијата како дисциплина. Дури, би оделе и чекор понатаму, тврдејќи дека тие не само што ја сочинуваат самата суштина туку се и самата форма на институциите. Што апелира на тоа дека овие институции не може да се реформираат затоа што и нивната форма е последица на суштинските проблеми и противречности кои се појавуваат во политичката економија на капитализмот.

Но, таму каде што престанува шпекулацијата за реалноста/стварноста на животот, почнува вистинската/реална егзактна наука, односно приказот на практичните дејствија, практичниот развоен процес на човекот во сегашната состојба. Токму тука, настапува реалното знаење на место на фразеолошката свест. Се разбира нели, имаме во предвид дека со прикажување на стварноста и реалноста самосталниот филозоф го губи својот медиум на егзистенција односно ја губи причината за своето постоење.

Вреднувајки ја состојбата на економијата скоро да неизбежен и главен параметар на граѓанските економисти им се појавува категоријата на „економски раст“. Што навистина значи овој параметар, колку ја отсликува реалноста па следствено на ова што и колку треба да се прeвземе за да се подобри крајната реалност?

Различните дефиниции на економскиот раст можат да се сведат на следнава дефиниција: Економскиот раст го претставува зголемувањето на општиот обем на производство на стоките и услугите во економијата. Тој најчесто се пресметува и изразува како процентуално зголемување на бруто домашниот производ во однос на претходниот временски период. Но сликата за благосостојбата (како цел на економијата) е матна преку приказот за економскиот раст. Осоебно кај нас се чини дека тој се користи како цел сам за себе, а не како мерна единица за благостостојбата на субјектите во економијата. Последниве 10-15 години континуирано ги слушаме граѓанските економисти од двете етаблирани политички проминиенции како мантраат дека економскиот раст е нивен главен фокус, па сите се фалат со неговиот процент на раст кога се на власт, но реалната состојба на секојдневието е се полоша и полоша. Не е намерата да се фокусираме на критиката на параметарот еконосмки раст туку да ги согледаме фактите во реалноста наспроти асптрактните и нецеловито статистички изразени инидкатори. Но, само накратко би потенцирал дека има одредени концепти, како индекс на одржлива економска благосостојба (ИОЕБ), кои имаат за цел да направат одредени корекции на БДП односно екононмскиот раст како димензија на благосостојба која е поблиска до граѓаните. Тие се обид да се поврзат флуктуациите на економскиот раст во корелација на среќата, благосостојбата, здравата животна средина и соживотот воопшто. Заклучокот е дека инсистирањето на економски раст не само што ја зголемува нееднаквоста туку и после одредено ниво на зголемување на БДП всушност, креира повеќе економски трошоци кои водат кон пониска благосостојба за државата односно опаѓање на ИОЕБ.

Но, капитализмот не е само економски систем, туку цел општествен поредок. Откако веќе еднаш е воспоставен, тој неможе да се отповика со просто изгласување на социјалисти или комунисти. Тие можат да ги завземаат функциите предвидени во политичкиот систем, но базичните имотни односи, правниот систем како органско право, финансискиот систем и структурата на долговите заедно со националните медиуми и културата впрегната низ нив како и полициската власт и државните инситуции, сите се фундаментално преструктуирани од него. Клучно е да се направи дистинкција помеѓу заложбите за екомоски раст и фокусот кон невработеноста и инвестициите наспроти барањата за вистинска редистрибуција или прашањета за работните односи и услови. Имено, оваа дистинцкија може да ни покаже една идолошка дистинкција помеѓу постоечките леви партии во европа како методолошка оска која доколку би ја следеле понатаму би ни укажала дека уствари се работи за длабок идолошки раскор и дека нема можност за нивно усогласување во рамките на левицата, како што сонуваат дел од независните мислители на левицата денес.

Одтаму, економскиот раст (растот на продуктивност) не води никаде, не само затоа што примањата (платите) останале исти, туку и затоа што тој веќе е на штета на работниците, еко системот како и на штета на генералната општествено политичка стабилност (иако свештениците на економската ортодоксија знаат често да „дијагностицираат“ дека политичките кризи се тие кои ја пореметуваат економијата а не обратно?!). Во иднина, за стабилна економија клучна е редистрибуција на богатството, а не раст на истото. Очигледно е дека даночењето на платите не е доволен механизам кој обезбедува соодветна редистибуција. Потребна е квалитативна промена на даноците, насочена кон богатството и имотот на поединците и правните субјекти, како би се генерализирало даночењето по класи.

Што се однесува пак за нашата држава и регионот, мора да се забележи дека обидот за ефективна и квалитативна редистрибуција на богатството не може да ја одбегне директната пресметка не само со крупниот странски капитал туку и со таквиот и среден домашен капитал. Бидејки, за разлика од некои други држави, како тие од Латинска Америка и Блискиот Исток каде што постојат стратешки ресурси кои се насушно потребни за растечките економии на доминантни држави, што им овозможуваат да ги финанисраат социјланите и општетсвени програми за да го одржат социалниот мир, на Балканот такви ресурси не постојат. На овие простори постои само евтина и со свежа крв работна сила, и без фронтален напад врз приватната сопственост на средствата за производство се чини дека било каков програм и обид за редистрибуција на богатството ќе се врати како бумеранг на економијата и само ќе ја забрза нејзината материјална оскудност односно она што е познато во марксистичкиот концепт на „уништување на капиталот низ кризи“ (Marx 1989: 127), или пак во економската наука „процес на создавање на услови за нов круг и подем на економијата и нов бран на акумулација (читај експлоатација)“.

На крај, спесифично за нашата држава, доколку се зема во озбир и ефектот од криминалната приватизизација и оној транзициски проект за повраток на имотите познат како денационализација каде огромен дел од заедничкото богадство се пренесе на поединци и потесни групи како обештетување за губењето на нивните феудални позиции во Југославија, може да се размислува и на порадиклани мерки кои ќе водат до еден вид рестартирање на општеството каде со директни прелевања ќе се обезбеди поеднакви стартни позиции за поединците од идните генераци.