Започна дислоцирањето на споменикот на Ќосето

Вечерва се забележани кран и работници кај споменикот на Ќосето, кој контроверзно беше поставен пред Врховниот Суд во време на владеењето на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ништо спорно дислоцирањето на овој споменик, но начинот на кој тоа се прави зачудува. Слично како што беа поставувани спомениците во минатото од страна на ВМРО-ДПМНЕ, сега овој споменик е дислоциран од страна на СДСМ: скришно и во доцните вечерни часови.

Поставувањето на споменикот на Ќосето во минатото изнуди бурни реакции кај јавноста. Власта на ВМРО-ДПМНЕ беше критикувана за нејзината одлука да постави споменик на еден од најмасовните убијци од терористите на ВМРО. Очекувано беше овој споменик да се тргне и истото да се направи јавно.