АктуелноЛокално

Во Казандол ништо ново

Под полна пареа продолжува работата на отварањето на рудниците на смртта. По 24 часа, под светло во вечерните часови, Сардич МЦ продолжува да работи на мегаломанскиот проект за труење на народот и богатење на компанијата. Во меѓувреме, од Владата нема најави за запирање на овој процес.

Во предизборниот процес, сегашниот премиер Зоран Заев вети дека рудници на смртта нема да има – ветување кое се уште го нема исполнето, заборавајќи дека „зборот е збор“. Порано постоеше можноста за исплаќање на пенали од страна на државата при евентуално кршење на договорот за концесија, но сега, со новото истражување на Призма, познати се повеќе осново по кои договорот може да се прекине, поради прекршоци на Сардич МЦ.

Моментално, се што е потребно е политичка воља. Дали истата постои кај нашата Влада и премиерот, ќе увидиме во наредниот период. Сепак нема што многу да се очекува без голем притисок од јавноста, особено ако се земе во предвид дека и оваа гранитура на власт во минатото имала учество во потпишувањето на многубројните концесии на локалитетот Казандол.

Во изминатиот период, рудниците на смртта побудија многубројни реакции кај јавноста. Целиот револт резултираше во многубројни референдуми на кои народот се изјасни против нивно отворање, за чиешто непотчинување Владата најде многубројни изговори.