„Нема да се врати довербата во УБК“ – Став на Магдалена Ламбовска, истражувач за безбедносни прашања.

Ставовите изразени во оваа колумна не нужно се совпаѓаат со ставовите на редакцијата.


МВР со месеци активно работи на нов закон за следење на комуникации кој треба да ја врати довербата во УБК. Со еден куп консултации, експерти, се. За на крај да вметне член (34 од предлогот) дека уствари мерките кои ги користи УБК (“жолти комбиња”, разни софтвери за директно пресретнување комуникации итн.) ќе се регулираат со посебен закон. Значи овој не важи за нив и контролата и надзорот (се уште) не важат за нив.
*hint: Нема да се врати довербата во УБК.