Златанов: Дигитализацијата на образованието ќе доведе до крах на веќе уништениот образовен систем

Видете ако во предвид ги земате Сојузот на Средношколците и Бленди Ходаи како претставник на сите млади во Македонија од старт грешите.

Дигитализацијата на образованието ќе доведе до крах на веќе уништениот образовен систем, да почнеме од тоа дека социјалните разлики помеѓу учениците ќе се гледаат од километар, дете на олигарх ќе има лаптоп од неколку илјади евра, а дете на работник ќе има лаптоп кој ќе неможе да поднесе повеќе од 15 учебници и стално ќе кочи. Дали со овие реформи сакате да ги поделите децата на сиромашни и богати, дали до таму забегавте !?

Исто така ако родителите не можат да обезбедат лаптоп за дете ќе мора истото да носи еден куп печатени учебници, ставете се на негово место понижувањето кое ќе го доживее, гневот кој ќе го создадете во него, секој ден ќе му докажувате дека неговите родители не се способни да му обезбедат… Немој да си играте со овој напатен народ !

P.s Младите и северна не ви ја подржуваат само да знаете.

Статус на Давид Златанов
Претседател на Црвена Младина


Видете ако во предвид ги земате Сојузот на Средношколците и Blendi Hodai како претставник на сите млади во Македонија од…

Posted by David Zlatanov on Monday, April 26, 2021