Концесијата за Казандол потпишана од 2005 година

Благодарност до Коста Карев за најдените податоци.


Одлуки за давање концесии на локалитетот Казандол се потпишани два пати: еднаш во 2005-та, од страна на Владата предводена од СДСМ, и еднаш во 2014, од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката за давање концесија за детални геолошки истражувања на локалитетот Казандол е потпишана на 16 јуни 2005 година од страна на Радмила Шеќеринска, тогашната заменичка на претседателот на Владата на Република Македонија. Истата е објавена во 48от број на Службен Весник на 23 јуни 2005 година.

Одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесии за детални геолошки истражувања е потпишана на 27 јануари 2014 година од страна на Никола Груевски, тогашен претседател на Владата на Република Македонија. Истата е објавена во 19от број на Службен Весник на 29ти јануари 2014 година.

Очигледно е дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сносат одговорност за ситуацијата со рудниците во југоистокот, меѓу другото. Затоа, наместо вината да си ја префрлаат едни на други, плашејќи се да изгубат политички поени, потребно е да изнајдат решение со кое ќе ја послушаат вољата на жителите на овие места. Во спротивно, секој вид на радикализација на населението усмерено кон Владата и компаниите кои ги земаат овие локалитети под концесија ќе биде комплетно оправдана.