Левица: Генералниот секретар Рашковски треба кривично да одговара
Соопштение на политичката партија Левица.
На народот одамна не му требаат “бомби” за да дознае како се одвиваат владините зделки и како добрата создадени од народот се префрлаат во рацете на корумпираните елити. Сепак, убаво е да се чуе речникот на нашите “прогресивни” тирани кога мислат дека се скриени од очите и ушите на народот.
Со објавената аудио-снимка за Рашковски се потврдува здраворазумниот став дека каква било декларативна “прогресивност” од елитите испарува позади првата затворена врата и дека реторички служи само за маскирање на корупцијата и неморалот. Не е проблематична ниту “креативноста” со роковите, ниту вулгарниот речник – туку лукративниот индивидуалистички интерес позади таа креативност и голата омраза кон цели народи и народности.
И покрај празните обиди на генсекот да ја задржи својата привилегирана позиција, вешто манипулирајќи со јавноста впрочем како и за неговиот фамозен втор докторат, неоспорна е одлуката донесена од Владата на 10 април минатата година, со која се укажува М-НАБ да ретендира и да го прекине отпочнатиот процес за набавка.
Иако ова е проблем кој се појавува како суштинска карактеристика на системот во кој владеат, пред сѐ и над сѐ, приватниот интерес и бизнис вредностите. Истиот проблем ќе постои се додека постојат околностите кои го генерираат и особено се додека тие кои владеат имаат можност да спроведуваат тендери и аплицираат на истите каде се распродава сѐ што е од витален интерес за народот. Сепак, на Рашковски не само што треба да му биде одземена јавната функција која ја има во Владата, туку тој мора да биде и кривично гонет.
Јавно прашуваме дали после скандалот со насилството од градоначалникот Курто Дудуш, дивите градби во Охрид и Матка од функционери на ДУИ и овој скандал со генералниот секретар на Влада, Јавното Обвинителство конечно ќе се одважи да отвори случај против висок функционер од власта или законите важат само за ситниот криминал од обичните граѓани, додека корумпираните елити и грабежот на народните пари се штитат од секоја владејачка гарнитура од транзицијата до денес.
На народот одамна не му требаат “бомби” за да дознае како се одвиваат владините зделки и како добрата создадени од…
Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Понеделник, 1 юли 2019 г.