Огледало

Дваесет и петти, првиот ден

„Дваесет и петти, првиот ден“ е краток анимиран филм на Јуриј Нортштејн (р.1941), легендата на светската анимација. Со овој филм, Нортштејн ја започнува својата творечка работа во Советскиот сојуз, а неговиот скромен, но исклучително деликатен опус се раздолжува до нашето време. Човекот, кого многу светски аниматори го сметаат за наголем авторитет во овој творечки медиум, а големиот Хајао Мијазаки го нарекува „најголемиот аниматор на сите времиња“, веќе дваесет години работи на анимација на Гогољовиот расказ „Шинел“.

Овој анимиран филм е првото дело на Нортштејн, создадено во 1968 година, половина век по Октомврската револуција. Можете да го погледнете тука.