На денешен ден е родена народната хероина Вера Јоциќ

Вера Јоциќ била истакнат припадник на македонското народноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката борба на Македонија. Како гимназијалка во 1941 г. станала член на младинската комунистичка организација СКОЈ. По Априлската војна во 1941 г. семејно заминале за Валево, Србија, каде што со сестрите станала борец во Партизанскиот одред „Јастребац“ и на нишкиот Партизански одред во Србија, за член на КПЈ била примена во октомври 1941 г.

По илегалната партиска дејност во Ниш во зимата 1942 година, продолжила како борец во Јастребачкиот партизански одред, потоа во Врањскиот партизански одред од средината на 1942 година, по што станала заменик-политички комесар на Третиот кумановски партизански одред од крајот на 1943 година.

Јоциќ за време на војната била заменик политички комесар на различни одреди и баталјони во Македонија. Учествувала во Пролетната офанзива во 1944 година каде што го извршила првиот напад врз бугарските сили и била тешко ранета. Нејзиното дело е опеано во песните „Очи“ и „Љубов“ на Ацо Шопов.

За народен херој била прогласена во 1951 година.