Претходната учебна година заврши без учебници – Новата учебна година почнува без учебници

Речиси на секои три месеци, Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ветуваше комплетно решавање на проблемот со учебниците со почетокот на новата учебна година. Десетина дена пред нејзиниот почеток, од МОН во врска со оваа прашање, само со образложение, колку е комплициран процесот на издавање на еден учебник и што се е преземено околу подобрувањето на условите за наставата пред почетокот на учебната година.

Од Независниот Синдикат во образование велат дека со оглед на сознанијата што ги имаат најверојатно ќе се повтори лошата пракса од минатото и повторно во образовниот процес ќе недостасуваат учебници. Дефинитивно нема да има учебник по историја и општество и природни науки за 6 одделение, затоа што постапката доцнеше, велат од НСОН. Се уште не биле готови учебниците за трето и шесто одделение, Министерот тврди ќе се доцнело само дваесетина дена по почетокот на учебната година.

Во новата учебна година повторно ќе се учи од „работни материјали“ наместо со учебници. Министерот за образование Јетон Шаќири на прес конференцијата што се одржа на почетокот на јули, кажа дека максимално се ангажира за на 1 септември да не се повторат грешките од минатата година и сите ученици да имаат учебници или подготвителен материјал.

Потсетуваме дека минатата учебна година сите најави за нови учебници беа нереализирани, а на неполни два месеца пред крајот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири вети дека наставен материјал сигурно ќе има следната учебна година!