Али Шериати – Мазлум
Писмо до мојот брат роб во антички Египет
Ова е една случка од животот на Али Шериати за која тој се заинтересирал, како што самиот вели: „бидејќи е во врска со мојата класа, моето општество и историја“, и така Шериати понатаму продолжува на следниов начин:
Горе-долу ги знам мислите на учените луѓе. Моите предци, пред илјадници години, изгубени и заборавени низ текот на историјата, се луѓе кои многу претрпеле од немаштијата. Јас лично сум заинтересиран за благородниците, но не за оние на кои благородништво им доаѓа од злато и сребро. Длабоко сум заинтересиран за миразот на човековата цивилизација. Она што најмногу ми го одзема вниманието е пак истражувањето на добрите и лошите страни на делата оставени од страна на оние кои живееле пред нас на истава земја.
Го видов Храмот во Делфи чие уметничко мајсторство и убавина ме потресе до коскената ми срж. Во Рим и Грција ги прошетав храмовите кои имаат огромни архитектонски карактеристики како и музеите во кои се изложуваат уметничките дела и големите сараи. Во далечниот исток, во Кина и Виетнам, за боговите и нивните земни претставници (верските чиновници) има цели планини со човекова рака и ум претворени во храмови. Ваквите дела како остаток од луѓето за мене носат голема вредност.
Претходното лето, на моето патување во Африка посакав да ги видам пирамидите. Поради нивната грандиозност и големата површина кои ја зафаќаат, овој голем споменик на цивилизацијата постојано ми ги окупираше мислите. Брзав да го видам едно од седумте чуда на минатото.
Внимателно и со возбуда почнав да слушам што водичот ми раскажува; За изградба на овие пирамиди, шест големи и три мали, биле потребни 800 милиони камени блокови – за зграда во која ќе бидат сместени мумифицирани тела на Фараоните овие камени блокови биле носени во Каиро од место оддалечено 980 милји! Внатре има гробови направени само од 5 мермерни блока. Четирите мермери се искористени за ѕидовите и едниот за таванот. За да се замисли дијаметарот и тежината на овој мермерен блок од кој е направен таванот на гробот, доволно е да се излезе до врвот на пирамидата за да се видат милионите камени блокови наредени над него. Веќе 5 илјади години овој таван го носи овој товар.
Изненаден се стаписав од ова чудо. Три-четири векови после тоа, измеѓу видов камења кои беа расфрлани натаму-наваму по сите страни. „Што се овие?“ го прашав мојот водич. „Ништо важно“, одговори тој, „само неколку камени блокови“. Носејќи ги камените блокови, од далечини и до стотици милји, од 30 те илјади робови стотици во еден ден биле згмечувани под овој тежок товар. Ете тоа да ти биле камените блокови за кои прашував – луѓе кои ги граделе овие ѕидини, усмртени работници закопани на лице место. Додека пак преживеаните, тие биле приморани и понатаму да го носат овој тежок товар.
Му реков на мојот водич дека сакам да ги видам овие згмечени и до коска столчени робови. Ми одговори со висок тон: „Што има да се види!?“ Со рацете покажа кон робовите кои по наредба на Фараоните беа погребани покрај пирамидите; вака беше направено за да бидат искористени и нивните души, како што биле искористени и нивните тела.
Го замолив мојот водич да ме остави сам. Потоа стигнав до нивните гробови и седнав. Така силно блиску до себе ги чувствував овие луѓе кои беа затрупани по ендеците; ми се чинеше дека сме од ист сој, од иста раса. Доаѓаме од ист географски регион, но сепак е точно дека овој критериум за групирање на луѓето е неправеден и не може да се зема како основа. А нели и токму од ваквата свест се родија концептите на ближен и странец. Но јас немам врска со нешто како групирање и делење по однос на раса; поради оваа причина, кон овие обесправени и потчинети духови гајам само чувства на симпатија и топлина. Повторно погледнав кон пирамидите, и покрај нивниот прекрасен и грандиозен изглед бев така отуѓен и оддалечен од нив што, со други зборови, осетив една страшна омраза кон големите спомени на цивилизациите кои низ текот на историјата биле издигнати над коските на луѓето кои живееле пред мене! Тие пред мене го навезаа големиот Кинески Ѕид. Тие што не можеа да го доносат товарот на нивните грбови, бивајки згазени под камењата, заедно со нив беа заѕидани во ѕидот. Вака беа создадени спомениците на големите цивилизации, по цена на крвта и месото на моите предци!
Ја проколнав цивилизираноста. Поради целиот зулум извршен кон моите предци низ илјадниците години наназад, во мене почна да гори еден оган на омраза. Помислив како сите овие луѓе, групно во ендеци запечатени, некогаш биле полни со чувства исти како и моите. По враќањето од мојата тура, до еден од нив напишав писмо како би му раскажал за сите случувања во последните 5 илјади години. Тој, во овие 5 илјади години не живеше, но без разлика под кои услови и во која форма, ропството сепак постоеше и владееше.
Седнав, и до него го напишав следново:
„Бевме вовлечени во војни против луѓе кои, ниту ние ги познававме, ниту пак они нас. Не присилија да убиеме луѓе кои никогаш не можевме ниту да ги омаловажиме. Некои, бивајќи од истата наша класа и раса, ја делеа нашата судбина. Според еден мислител, овие војни се како борби помеѓу тие две групи што воопшто измеѓу не се познаваат во име на тие што меѓу себе многу добро се познаваат. Нè присилија на војна, да убиваме нè примораа. И, доколку ја добиевме војната, други ќе ги собереа благодетите, не ние.
Пријателе мој, другару мој, многу работи се сменија откако умре ти. Фараоните и монструозните сили низ историјата ги променија своите гледишта. Се израдувавме на ова. Претходно веруваа во бесконечноста на душата, па според тоа, доколку телото беше сочувано, уверени беа дека и врската на телото со душата ќе беше продолжена. Но, сега се опаметија. Повеќе не размислуваат толку за смртта. Добри вести! Се откажаа од овие стари верувања. Куртуливме од носење илјадници милји огромни камени блокови само заради правење на гробови.
Ах мој пријателе, за жал, оваа радосна вест кратко траеше! Откако ти замина од оваа земја, чизмата нивна се врати тука за нас работници да не направат. Уште еднаш бевме приморани да ги носиме тешките товари; но овој пат не за нивните гробови, на нив повеќе не обрнуваа внимание. Овој пат, тоа беше за нивните огромни сараи. Нашата генерација ја погребаа до нивните раскошни сараи и палати.
Безнадежност, но колку да се продолжи со животот, повторно светна зрак надеж. ‘Дојдоа големите водачи’, зборуваа. И Заратустра, големиот Буда и Конфучие… Се отвори врата една кон спасение. ‘Боговите’ ни пратија нивни пратеници за да не спасат од црното ропство; местото на измачувањето го завзема молитвата. Но што да се каже, несреќата еднаш веќе не зафатила. Ги напуштија своите домови пророчки, и не есапејќи нè нас за ништо, овие водачи се сместија во раскошните сараи.
Превидувајќи го нашиот плач и лузните од удрените камшиците по нашите тела заминаа во Белх, а оттаму кај кралот на времето во Кесташ.
Другару, додека ти беше жртвуван за гробови, нас не жртвуваа за палати. Одеднаш, покрај фараоните и тие кои не користеа како робови, се појавија великонаследници на пророците и духовните учители.
Од Палестина до Иран, од Египет до Кина и насекаде каде што имаше цивилизација, повторно бевме приморани да носиме тешки товари заради сараи и гробови. Повторно во име на милоста; ‘божјите претставници’ и, на збор, наследници на божјите пратеници, почнаа да нè користат. И повторно, во име на милоста, на фронтови бевме испратени. Поради ‘богови’, храмови и идоли, бевме присилени да ги жртвуваме нашите невини деца.
Ах бе пријателе мој. Живеам илјадници години после тебе. Откако сум сведок на маките на моите другари и пријатели, почнав да чувствувам дека ‘боговите’ секогаш ги мразеле робовите свои. Како да робовладетелството беше зацврстувано од религијата! Некои поинтелигентни луѓе од нас, како Аристотел ете, декларираа дека некои природно се родени да бидат робови, а другите предоддредени за владетели. Јас роден и израснат како роб, веќе почнав да верувам дека ропството е мојата судбина.
Вака безнадежен и пливајќи во очај, дознав дека од планините се симнал некој човек кој зборел: ‘Испратен сум од страна на Бога’. Дали е некоја нова превара или некој нов метод за злостор, се запрашав, потресувајќи се. ‘Ме испрати Бог, кој има милост за сите слаби, робови и сиромашни на веков’, зборуваше. Изненадувачки! Сеуште не верував, дали тоа може да биде вистина? Господ им се обраќаше на робовите, соопштувајќи им дека ќе се спасат и дека предводници и наследници на земјата ќе бидат: „А ние сакаме само да им се обратиме (желни сме, намерата ни е) на потиснатите и обесправените (во нивните, своите) на земј(и)ата, нив да ги направиме водачи и наследници [на сопственоста (фараонска)].“ (Куран, Сура Кассас, ајет 5)
Се сомневав; можеби и он е само еден од пророците на збор, како што беа тие од Кина, Индија и т.н. Името му беше Мухамед, велат дека е сирак кој тера стадо овци зад овие планини. Како ли само бев изненаден! Зошто Бог својот пророк го избра помеѓу овчарите?! Дури и неговите предци биле пророци и овчари. Он бил последен во оваа низа. Треперев од радост и воодушевеност, уста да отворам не можев. Бог својот пророк го беше избрал од нашата класа!
Кога ги здогледав и другарите мои околу него, започнав да го набљудувам. Во првите редови на неговите следбеници беа следниве: Билал, еден роб, син на родители робови од Етиопија, Селман, еден бездомник од Иран кој бил купуван и препродаван како роб, Ебу Зехер, безимен и сиромашен, другар од пустина, и како последен, Салим, роб на нечија сопруга, некој воопшто небитен црн другар.
Севишните му се обраќаа на следен начин: „Овој Куран е само едно предание за живиот свет. Навистина, ние тебе со Книга светата те пративме, НО само како весник на вистината и предупредувач. Твојата задача е да соопштуваш, немаш сила да казнуваш и судиш еј Мухамеде“ (пример: Сура 2: Ел-Бекара (Крава), ајет бр.119)
Му поверував на Мухамеда; бидејќи неговиот сарај беше од кал и се состоеше од само неколку соби; тој беше еден од работниците кои носеа товар и ги градеа ѕидовите. Дворот му беше направен од дрво и неколку урмини лисја. Ова беше сè што тој поседуваше.
Побегнав од земјите на робовласништвото каде владарите, со цел да си го зачуваат богатството и власта, како своите робови, така и нас, во војни нè вовлекоа. Се спасив и при земјата на Пророкот пристигнав. Но, кога Тој умре, очните капаци под тежината на смртта сенка фрлија на блескавото ни сонце. Не помина многу време, ситуацијата повторно почна да се влошува.
Ех мој пријателе, повторно во Негово име величествени храмови слепоочници се изидгнаа кон небесите. Мечовите, на кои во светата војна беа изгравирани курански ајети, кон нас се свртија. Нивните претставници, влегувајќи ни дома, младите ни ги поробија како слуги на шефовите од нивните племиња, мајките ни ги по пазарине распродадоа, а нашите возрасни, во има на Божјата војна, ги убија.
Бев очаен, ништо не можев да направам! Под плаштот на молитвата и богослужбата се појави сила која всушност во своите божји храмови си ги крие своите дрвени идоли. Пламените на измамата и преварата блескаа насекаде. Во име на наследништвото на Бога и Пророкот, Фараоните и лажните пророци и екселенции се ракуваа меѓусебно. Во име на законот почнаа нас да нè толчат. Во името на градењето на величевствени џамии, блескави палати и градење на прекрасни сараи за калифите султани од Дамаск, како би си ги искусиле нивните 1001 една ноќ бајки, се водеше натпревар кој беше сиот на сметка на нашата студена пот, крв и душа; но овој пат, сето ова се случуваше во името на Бога! Мислевме дека нема никаков спас. Ропството и жртвата беа наша непроменлива судбина!
Која беше оваа личност наречена Мухамед? Имаше ли задача да измамува? Или пак и тој е како нас, кои бевме жртвувани на поредокот? Не знаев каде да одам; каде би одел, во Храмовите ли? Како можев да се вратам во овие места кои беа изградени за да ме поробат? Дали да се приклучам кон тие кои се декларираа како примери за нашето национално ослободување, но кои во суштина беа само оние кои, во име на историската нечовечка неправда направена над нив, во реалноста се обидуваа да присвојат привилегии?
Колку чудно! После 5 илјади години најдов човек кој го споменува Бога не за господарите на светов туку за робовите. Отфрлајки ги своите желби и страсти, повлекувајќи се во ќошето на својата божественост и побожност, се молеше, не заради манипулации и измами, туку за благосостојбата и среќата на човештвото. Најдов човек кој работеше за целиот свет. Беше праведен, силен, дотолку што можеше да ја казни и својата ќерка. Неговата ќерка исто работеше, измачувајќи се како нас, страдаше и гладуваше во текот на сиот нејзин живот. Најдов човек чии внуци во текот на сиот нивен живот беа сведоци дека се негови потомци.
Ах пријателе; уште и еден Али имаше, Али мечот свој не го употреби во одбрана на својата раса, племе, семејство или пак големите сили. Тој замавна секој пат и секогаш во ситуација кога не штитеше нас (тие како нас). Тој мислеше (обмислуваше, думаше) подобро од Сократ; не во насока да ги покаже етичките вредности на благородниците во кои робовите немаат никаков удел, туку во насока на вредностите кои ги имаме токму ние. Тој не беше наследник, ниту пак следбеник на Фараоните и слични класи како нив. Беше симбол на мислата и заложбата; но не како теоретичарите и оние кои учат знаење ради знаење во затворените бибиотеки, школи и академски средини, а притоа не ги забележуваат или остануваат рамнодушни на класите кои страдаат и се мачат во глад. Мислите му отвораа крилја кон далечините и небесни височини. Во исто време, срцето и неговите апстрактни мисли од жалниот изглед на лицето од едно сираче му се полнеа со љубов (сакање), сочувство и тага. Дознавајќи ја големината на Севишниот и вивнувајќи се во неа, тој не ја осети дури ни болката од мечот кој му беше забоден во неговото тело при молитва.
Еј другару, во ова време и во ова општество имаме очајна и силна потреба од Него. Потребно ни е лидерство како Неговото. Цивилизациите; образовните системи и лажните религии ги направија луѓето, освен за нивната парична безбедност, незаинтересирани за ништо друго; ги доведоа до дереџе на животни или себични и безмилосни поклоненици и слуги, или пак рационални и логични битија кои, колку што се полни со знаење, мудрости и свесност, толку се со недостаток на чувства, сакање и инспирација. Но, Тој е личност кој ги обединува сите овие димензии на човечноста; Тој е лидер е на работничката и страдалачка класа. Сила која е во борба за благосостојбата на целата заедница. Поимите како искреност, верност, трпение, упорност, како и правдата и револуцијата, претставуваат главни карактеристики на неговите секојдневни пораки упатени кон масите.
Ехх пријателу; живеам во општество каде владее поредок кој контролира и поседува пола, а можеби и сè од сето она достапно на овој универзум. Човештвото се вовлекува во нова тврдина на ропството. Колку и да не сме во едно физичко ропство како вашето, верувај ми, навистина имаме полоша судба од вашата. Мислите, срцата и волјата целосно ни се поробени. Во името на социологијата, уметноста, образованието, сексуалната слобода, слободата да присвојат, експлоатацијата на љубовта и во името на љубовта кон личноста, ни беа одземени вербата во идеалите и сопствените цели, вербата во одговорностите на човекот и вербата во својот екол на мислата. Сите во целост ги искоренија и тргнаа од нашите срца. Поредокот не претвори во чинии, во кои колку и да ставаш, секогаш остануваат празни.
Другару, Али, животот го даде поради овие страдања: Мисла (учење, школа на мислата), Единство и Правда. 3 темелни заложби за кои Тој го положи својот и животот на своето семејство: Мисла, Единство и Правда.“
Превод: Хактан Реџеп Исмаил