Кубанските доктори повторно ќе му помогнат на Мексико
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор го најави претстојното пристигнување на втората група кубански лекари составена од 200 професионалци кои ќе ја поддржат борбата против пандемијата во земјата. Бригадата Хенри Рив ќе биде распоредена во главниот град, кој стана еден од епицентрите на пандемијата од Ковид-19.
На групата ќе ѝ помага воената морнарица и вооружените сили, со оглед на алармантната здравствена состојба во земјата која забележа над 1,4 милиони случаи со Ковид и над 131.031 смртни случаи од петокот наутро.
Осврнувајќи се на недостатокот на мексикански лекари за да одговорат на итната состојба, мексиканскиот претседател истакна дека новата здравствена бригада ќе биде распоредена во главниот град, при што дополнително најави зголемување на платите и стипендиите на лекарите.
Над 354.011 случаи беа регистрирани во четвртокот само во градот Мексико, со што стана дел од главните жаришта во земјата. Министерството за здравство деновиве започна кампања за вакцинација насочена кон здравствениот персонал во нејзината прва фаза. До денес, вакцинирани се вкупно 58.402 здравствени работници. Минатата година, кубанските бригади обезбедија помош и во сојузните држави Кинтана Ру, Веракруз и Табаско, каде што беа направени над 8.000 интервенции.