За санкциите на САД

Статус на Јован Крајевски, член на Левица.


Во Венецуела има 80 илјади заразени со ХИВ, 16 илјади кои имаат рак и 4 милиони кои патат од дијабетис и висок крвен притисок. Санкциите на САД ѝ забрануваат на Венецуела да купува лекарства од фармацевтските компании кои можат да спасат животи (да, дур вие се умислувате дека сте револуционери против “фармакомафијата”, оние што стварно пружаат отпор на агресијата на САД се казнети со тоа што им се исполнува вашата размазена желба да немаат пристап до лекарства и вакцини).

ДНРК (или попозната како Северна Кореја меѓу Македонците кои не сакаат да бидат нарекувани северномакедонци, ама немаат проблем да не го користат вистинското име на други суверени држави) е принудена сама да произведува паста за заби, храна, облека, училишни прибори итн., бидејќи санкциите на САД спречуваат тие да бидат набавени од надвор. Нормално, доста е скапо една држава да произведува се и неретко ДПРК се справува со сериозни економски предизвици.

Куба, која редовно праќа помош во САД кога има елементарни непогоди, не смее да набавува градежни материјали од САД. Санкциите дополнително ја спречуваат Куба да ги продава своите пури во САД веќе над 50 години, во обид да се уништи нејзината економија. Во 1976, Кисинџер предложил овие санкции да бидат тргнати, ако и само ако Куба престане да им помага на колонизираните држави! Листата не завршува тука.

Во Ирак, санкциите убиваат по едно дете на секои 12 минути. Иран и Сирија се исто под санкции на САД, дури и во време на Ковид. И сето ова е подржано од целиот политички спектар на САД, од конзерви како Трамп до прогресивци како Берни. Санкциите се можеби главната пречка за овие држави економски да зајакнат и најсилното оружје на САД против бунтовнците од третиот свет. И пред да почнете да барате маани на лидерите на овие држави, да кажувате колку лош бил Кастро или каква култ на личноста имало околу Ким Јонг Ум, имајте на ум дека не се тие најпогодени од овие санкции, туку најпогодени се здравствените работници, болните, бремените жени и децата. И ако сте биле згрозени зошто Денирис испоуби цел град на ТВ за да стигне до Ланистер во Game Of Thrones, а сметате дека е прифатлива жртва да умираат болни луѓе во реалниот живот за САД да стигне до луѓе како Асад, тогаш извинете, ама психички нешто сериозно не е во ред со вас.


Во Венецуела има 80 илјади заразени со ХИВ, 16 илјади кои имаат рак и 4 милиони кои патат од дијабетис и висок крвен…

Posted by Jovan Krajevski on Sunday, 10 January 2021