Апасиев: Во која држава од ЕУ сопругата на премиерот влегува во бизнис со струја – и тој останува премиер?

Вчера во медиумите протече информацијата дека Елена Ковачевска, сопругата на неизбраниот премиер Димитар Ковачевски, влегува во бизнисот со производство на електрична енергија преку компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, во која е една од петтемина сопственици. Компанијата планира да гради енергетски капацитет со моќност од 1.8 мегавати

Ваквата вест донесе бројни негативни реакции во јавноста, која оправдано се сомнева во тргување со влијание и злоупотреба на политичката моќ со цел остварување личен профит на семејствата на функционерите.

Во овој контекст кон критиките се приклучи и Димитар Апасиев, отварајќи го прашањето каде во Европа се случуваат вакви преседани.

Во која тоа држава од ЕУ, сопругата на премиерот влегува во бизнис со струја (во време кога електричната енергија е најскапа) – и тој останува ПРЕМИЕР!?

Во продолжение Пратеникот додаде го постави прашањето што треба да се случи за пратениците на СДСМ да откажат послушност на антинародната Влада?

Ах, бре, пратеници-мајмуни од СДС на Нашата Земја. Што уште треба да дознаете, за да и откажете послушност на оваа октроирана антинародна Влада?

Инаку, Министерството за транспорт и врски донесе позитивно мислење, планот е одобрен и направен е преклоп во Агенцијата за катастар за недвижности. „Со тоа, постапката во Министерството завршува“, – велат од институцијата.