После прашањето до Заев Апасиев добил информации дека службите уште го следат
После пратеничкото прашање за купување пратеници упатено до премиерот Зоран Заев, Апасиев на својот фејсбук профил објави дека добил информации за наводни прислушкувани материјали. Вчера на првата седница за пратенички прашања, Апасиев пред јавноста ја отвори и работата на директорот на Агенцијата за разузнавање – Еролд Муслиу, при што истакна дека постојат индиции за следење на опозициони активисти од страна на Агенцијата. На крајот, тој ја сподели сатиричната честитка на Левица со порака: „Ќе висите заедно.”
После објавените рејтинзи на бензинската Телма, и после вчерашното скокотливо пратеничко прашање до премиерот Зоран Заев и отворањето на случајот со злоупотребите во Агенцијата за разузнавање, сабајлечки добив абер од одредени комуњарско-удбашки структури дека „МИ СПРЕМАЛЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБЈАВА“!?
Ауууу. Бре! Кур се стресе у ладна вода. Ај вака да си кажеме – не сте ни први, ни последни шо ми се закануете. Знам дека имате прислушкувани снимки за мене уште од „бомбите“, знам дека имате видео материјали од илегални ПИ мерки за мое тајно следење за време на референдумската кампања #Бојкотирам, знам дека имате смс или други принт скринови и мејлови од мои преписки со луѓе, како и аудио материјали од средби и пиење кафиња во и надвор од Собрание .
Арно ама, знам и тоа дека сум НЕПОДМИТЛИВ и дека чесно живеам од плата! Не сум корумпиран и не правам ништо илегално или криминално, затоа и вака отворено делувам. Не пијам, не пушам, на се коцкам, не шмркам бело, неам бизниси, неам швалерки, неам дечко, не уценуам студент(к)и за оценки – за да се секирам дека некој ќе ме уценува. Ако имате „ДОКАЗИ“ за моја инволвираност во било што прљаво и криминално – бујрум, објавете ги (оти тоа е во јавен интерес)! Ама, ако се тоа приватни муабети на кафе, може да чуете прилично пцовки, заебанции и нормални конверзации. Е, овие ако ги објавите, па и уште ако се снимани од мои колеги у парламент – било од СДС или од ДПМНЕ – да знаете дека ќе ја праиме големата магија. Со тужби, со кривични, со оштета, со све.
Оти, ако имаме озвучени бубици од Службите у пратеничките канцеларии, ондак да стаиме клуч на врата на државата! Ваљда Спикерот Талат Џафери нема да дозволи таква девалвација на највисокиот законодавен дом, оти тоа ќе биде голем скандал сам по себе. Иначе, ДА – се среќавам со кој сакам и каде сакам! Отчет на никој не давам (освен на Жена ми), оти на никој ништо не дужам! Речиси и да нема македонски политичар или јавна личност со која се немам сретнато – и од опозицијата и од власта. Сум бил скоро во сите министерства, Влада, Бихачка и Белата палата… Тоа ми е работа, да терам ПОЛИТИКА. Онака како што сметам дека треба и дека е визионерски, стратешки и тактички. А гледам дека онака како шо ја тераме со другарите од Левица – ја тераме у вистинска насока. Народ препознава искреност и суди! Затоа рејтинзите се тие, и покрај сите оркестрирани хајки и линчови против нас.
p.s. За крај, еве една левичарска честитка за Нова година до нашите политички противници (у коментар) . Бидете така, фајтерски. Се гледаме за арно за убаво. Со НОВИ СИЛИ, во нови победи!
После објавените рејтинзи на бензинската Телма, и после вчерашното скокотливо пратеничко прашање до премиерот Zoran Zaev…
Posted by Димитар Апасиев on Thursday, 31 December 2020