Апасиев го праша Заев дали е точно дека купувал пратеници со 300.000 евра

На денешната прва седница за поставување на пратенички прашања до владата, меѓудругото, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев го праша премиерот Заев, дали е точно дека после предвремените избори купувал пратеници со 300 илјади евра.

Дали е вистина, или шпекулација, дека од периодот после изборите до конституирањето на македонскиот Парламент – јули-август, сте направиле обид да купите пратеници, пратени преку ваши струмички пајташи, за цена во кеш пари, во вреќи, која се движела од околу 300.000 ЕУР? Ова се однесува на двајца пратеници од власта, кои не се во СДС и тројца пратеници од опозицијата, кои не се ДПМНЕ”, праша Апасиев.

На ова Заев врати со своевиден спин и наместо да одговори, тој настапи со контра прашање за тоа дали Левица има докази за наведеното, на што Апасиев одговори дека Левица секако има докази, кои ќе бидат процесуирани кога ќе падне оваа власт, бидејќи очигледно како што рече, „во овие услови не се процесуира ниту една од четирите досега поднесени кривични пријави, веројатно поради телефонски повик до ‘реформаторите’ од страна на премиерот“.