Само 20% од Австријците поддржуваат полноправно членство на Македонија во ЕУ

Проширувањето на Европската Унија не е меѓу приоритетите на австриските граѓани. Ова го откриваат резултатите на неодамна објавената анкета. Само 20% од испитаниците дале поддршката за интеграција на Македонија во Европската Унија, објави Австриското општество за европска политика во својата анализа.

24% од испитаниците се изјасниле дека го поддржуваат проширувањето на ЕУ со нови земји-членки. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан, но и на неодамнешните кандидати Украина, Молдавија и на Грузија.

Има разлика и во дадената поддршка кон земјите од Источна Европа и земјите од Западен Балкан. Позитивно за интеграцијата за Украина се изјасниле 23% од Австријците.

Австријците за регионот од Западен Балкан најниска поддршка за полноправно членство во Унијата даваат за Албанија од само 14%. Поддршката за полноправно членство на Србија во ЕУ е од 16%. Македонија е пополурана од соседните земји, но сепак поддршката е премала, една петина од Австијците, односно само 20% од нив би ја поддржале интеграција на земјата во Унијата.

Австријците сметаат дека нашиот регион допрва треба да се „европеизира“, за да биде интегриран во ЕУ.