Левица: На стотина метри од населбата Саат Кула се турка иницијатива за фотоволтаична централа

  • Реакција на Левица – ЛО Неготино

На едно од најплодните земјоделски површини, на прва класа земјиште и во непосредна близина на населено место Саат Кула, се турка проект за изградба на фотоволтаици, на земја на речиси два хетари површина!

ЛО Левица Неготино прашува дали поради тоа што Иницијативата на Комисијата за урбанизам на минатата седница не доби позитивно мислење беше извадена од дневниот ред, и дали во меѓувреме се прави терен таа да помине, па повторно истата е ставена на дневен ред, на седница која треба да се оддржи на 15-ти ноември?

Наша граѓанска должност и обврска е да го сопреме ова уништување на земјоделските површини, како еден од основните ресурси и потенцијали во Тиквешијата.