АктуелноИнтернационално

Шангај за 3 години ќе отвори 150 нови градинки за деца под 3 години

Општинската влада на Шангај објави план да основа 150 градинки за деца под 3 години во следните 3 години. Според планот, веќе од 2022 повеќе од половина од градинките во градот ќе нудат дневна нега за деца под 3-годишна возраст.

Планот, кој има за цел да понуди системско решение, беше поздравен од страна на родителите како пример кој треба да го следи целата држава. Планот, исто така ги охрабрува окружните владини единици да обезбедуваат места, да ги намалуваат закупнините и да понудат други субвенции за поддршка на формирање на такви градинки од страна на заедниците, претпријатијата и институциите.

“Голем предизвик е негата за мали деца во големите градови – тој произлегува од притисокот да се најде соодветен дом и од трошоците за одгледување деца, како и од проблемите со менталното здравје. Затоа, јавната поддршка за воспитувањето на децата е императив.” изјави Чен Кун, заменик градоначалник на Шангај

Планот исто така ја нагласува потребата од родителско советување за да се обезбеди здрав раст на децата.

“Секоја улица ќе добие станица родителско советувалиште, кое ќе обезбеди советувачи кои ќе одат од врата до врата за помош на секое семејство со новороденче”.

Покрај ова, секоја населба ќе отвори барем еден центар за развој на новороденчиња и мали деца со цел да промовира и популаризира основни знаења за развојот на новороденчињата и децата, како и родителски вештини. Во исто време, секоја област ќе изгради барем една развојна база за доенчиња и мали деца за да ги промовира и популаризира основните знаења за развојот на доенчињата и малите деца и родителските вештини. Центрите исто така ќе обезбедуваат и висококвалитетни медицински и здравствени услуги. 

Според експертите, овој модел би ги решил двата предизвици со кои Н.Р. Кина моментално се соочува: пад на наталитетот и стареење на населението. Се предвидува дека до 2040 година населението над 65 години ќе изнесува 24%. Од друга страна пак бројот на новородени е во пад. Минатата година се родиле 14.6 милиони бебиња што е најниската бројка од 1961.

Анкетите сугерираат дека времето и финансиската загриженост се главните причини зошто паровите не се подготвени да имаат деца, особено второ дете. Затоа, се предлагаат мерки како граднки за деца под 3 години за да се намали притисокот од семејствата кои сакаат да имаат деца.

Една мајка од Шангај, која има син во градинка и ќерка од 1 година, вели дека планот е дар од бога. Таа планира да ја прати ќерката во една од градинките за мали деца кои ќе се нудат за достани цени.