АктуелноЛокално

Жител на Трнодол: Бев нападнат од партиски активист на СДСМ!

Не стивнуваат реакциите после одржаната јавна презентација на спорниот ДУП за Трнодол, за кој жителите непрекинато реагираат до јавноста дека градоначалникот Богоев манипулира со јавноста и избегнува средба со нив. И покрај тоа што жителите на Трнодол, Козле и Жданец побараа градоначалникот да е присутен на јавната презентација за разлика од претходниот пат, и овој пат Богоев не беше присутен. Активистот од Трнодол Кире Атанасов вчера на својот фејсбук-профил објави дека бил нападнат од активистот на СДСМ, Сашо Спасовски и дека против него е поднесена пријава. Во продолжение го пренесуваме неговиот статус:

„ Јас вчера бев нападнат!

Вчера на јавната презентација за дупот на Трнодол без повод и причина бев физички нападнат од лицето Саше Спасовски за негови блиски познат по прекарите Саше Амстердам и Буљаш.
За последиците од нападот, поседувам лекарска документација, сведоци и Полициски записник од П.С Карпош.

Ме нападна бидејќи побарав да се искажам, и побарав да ни отстапат место лицата кои не се дирекно засегнати од новиот дуп.
Од моја страна немаше никаква реакција, и од општината никој не е повреден и нападнат ОСВЕН ЈАС!

Не очекувавме дека со насилници ќе си имаме работа.
Жалам што градоначалникот не беше присутен, и упорно во јавноста ја искривува вистината.
#СтопЗаЛажнитеВести

Јас вчера бев нападнат!Вчера на јавната презентација за дупот на Трнодол без повод и причина бев физички нападнат од…

Публикувахте от Kire Atanasov в Сряда, 18 декември 2019 г.