Македонците го изгубија правото да ја пишуваат сопствената историја

Историчарот Никола Србов смета дека политиката која ја водат бугарската и македонската Влада врши диктат врз историската наука, а со тоа Македонците го изгубиле правото на самоопределување и пишување на сопствената историја.

„Го изгубиме ние својот мир, го изгубивме своето право на самоопределување, го изгубивме правото да си ја определуваме својата историја, која е нашата историја, која е генезата на нашата историја, кое е едно од основните човекови права, правото на самоопределување. Пролбемот е што кај нас политиката врши диктат врз историската наука и добиваме резултати каде што историчарите од двете земји како се чувствува одредена историска личност интимно самата себеси“, изјави Србов.

Србов е ставот дека истата воопшто не треба ниту да постои, бидејќи наместо зближување довела до омраза меѓу двата народи.

„Историската комисија е најголемиот проблем во целиот процес. Јас сум на ставот дека таа комисија треба да се укине, воопшто да не постои, бидејќи едноставно направи двата народа да се мразат до степен кој до сега не сме го виделе во историјата. Кога нешто претставува толку голем проблем вие треба да го отстраните. Комисијата не води кон решавање на проблемот, туку кон влошување и ескалирање на состојбата меѓу Бугарија и Македонија“, изјави Србов.

Инаку Комисијата досега постигна договори за неколку историски имиња, сите проблематични за Македонија, а по терк на Бугарија. Па така Цар Самоил, светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Климент и Свети Наум, покрај македонски, во македонската историографија станаа и бугарски. Отстапка направивме и за Самоиловото царство, за кое историчарите договорија дека било бугарско.