АктуелноИнтернационално

САД шверцува нафта од Сирија!

Руското Министерство за одбрана соопшти дека „причината на илегалната активност на САД во Сирија е далеку од идеалите на слободата и пароли против тероризмот прогласени од Вашингтон“, туку дека вистинската причина и мотив за активноста на САД е нелегално шверцување Сириска нафта. 

Ројтерс објави дека американскиот секретар за одбрана Марк Еспер во петокот изјави дека Вашингтон ќе испрати оклопни возила и војници до сириските нафтени полиња, со цел да ги спречи истите да паднат во рацете на милитантите на Исламска држава.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ваквата одлука на Пентагон токму сега да го засили присуството на американските трупи во источна Сирија, во близина на нафтените полиња, наводно за „да го оневозможи пристапот на Исламска држава“, е всушност „меѓународно државно разбојништво“ мотивирано од желбата да ги заштити шверцерите на нафта а не од реални безбедносни проблеми и закани.

Под американска воена заштита, натоварените танкери со камиони ја напуштаат Сирија и профитот од оваа контрабанда стигнува до банкарските сметки на приватните воени компании и тајните служби на Вашингтон, објави во саботата руското министерство.

Москва, која го поддржува сирискиот претседател Башар Асад, на негов повик му помогна да го сврти бранот на крвавата граѓанска војна и да успее да се одбрани од налетот на џихадистите, долго време инсистираше на тоа дека американското воено присуство во Сирија е нелегално.

„Апсолутно, сите наслаги на јаглеводород и други минерали лоцирани на сириската територија не припаѓаат на терористите од Исламската држава, а камоли пак на американските бранители на овие терористи, туку исклучиво на Сириската Арапска Република“, истакна Конашенков како главен портпарол на Министерството за одбрана на Руската Федерација.