АктуелноЛокално

Апасиев: Со Законот за психотропни супстанции се монополизира бизнисот на фамилијата Заеви за марихуана

Владата на Заев не испорача ни „р“ од реформи, тоа е тотално неспособна влада, најнеспособна влада која што сме ја имале од осамостојувањето до денес, освен за лични бизниси, народ нема никаков ќар, денеска видовме дека е пуштен Закон за психотропни супстанции каде што се монополизира бизнисот на фамилијата Заеви за марихуана, а дечки по паркови ќе ги апсиме за еден џоинт, вели професорот од „Левица“ Димитар Апасиев на вчерашната емисија ,,Само вистина”.

Тој исто така порача дека нема реформи нема исход, името беше колатерална штета и за тоа не само што некој ќе треба да поднесе не само политичка туку и кривично-правна одговорност затоа што не се почитуваа референдумските резултати.

Во реплика кон својот соговорник аналитичарот Петар Арсовски , Апасиев вели дека тој како еден од најглолемите промотори на северно македонскиот референдум кој беше неуспешен, нека каже во која европска држава не се почитуваат референдумдумски резултати.

-Се ова е од лукративни причини, нема ни „д“ од државотворност, туќу измеќарски менталитет кој што го промовираше Димитров и неговиот давач на шанса Заев, вели Апасиев.

Тој исто така истакна дека Заев да има имаше грам доблест уште по сликата во авионот на твитер ќе си дадеше оставка и ќе кажеше дека распишува предвремени избори.