Писмо од читател: Во Куманово потписите се собираат во чекална

Во Куманово не се користи канцеларијата на ДИК за собирање на потписи (која е поголема и поконфорна), туку за таа намена се користи чекална/претсобје (помала) каде во тесен простор се поставени две маси (една за Максо, една за Бујар), поради што надвор пред влезот се создава редица од партиските послушници на Максо и Бујар, открива наш читател кој посака да остане анонимен.

– Дали затоа што веројатно цел град треба да види колку се „силни“? Дали и зошто ДИК создава редици налик на оние за пасоши и не им дозволува на граѓаните да се потпишат во канцеларијата како луѓе? 2. Случајно или не, во претсобјето на подрачната канцеларија на ДИК во Куманово сите вработени се Албанци. Каде е правичната застапеност? Околу нив се собрале уште куп Албанци во истото претсобје. Зошто? И вработените Албанци и групата Албанци уште на влезот ти повторуваат и откако ќе им кажеш дека не си за Максо, тие уште повеќе повторуваат еден по друг: За Максо! За Максо! За Максо! 3. Во таква состојба, секој еден граѓанин кој сака да даде поддршка на проф. Ванковска треба најмалку 5 пати на самиот влез во ПРЕТСОБЈЕТО (кое е во функција на канцеларија) да повтори дека не е за Максо што го доведува, во најмала рака, во многу непријатна положба. Некој барем да прашаше за кој кандидат сакате да се потпишете – се вели во писмото на нашиот читател.

За да некој биде квалификуван кандидат за Претседателските Избори 2024 год, неопходно е да собере 10.000 гласови заклучно со 8 Март 2024 год.