Левица поднесе пријава за скандалот на тетовскиот универзитет
Соопштение на политичката партија Левица.
,,Како што веќе најавивме, во текот на вчерашниот ден, правниот тим на Левица поднесе пријава до Антикорупциската комисија за поведување постапка против раководителот на сектор при Државниот просветен инспекторат – Африм Саљиу, за утврдување на судир на интереси при вршење на вонредниот инспекциски надзор на Правниот факултет при ДУТ – Тетово!
Со претставката се бара и поништување на записниците со кои се „заташкаа“ случаите на противзаконското унапредување во наставно-научни звања на тројцата актуелни носители на јавни функции од редовите на ДУИ:
- Арбер Адеми – Министер за образование и наука;
- Агим Нухиу – Заменик министер за внатреши работи; и
- Сафет Емрули – Директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Го чекаме исходот од Пријавата, а следен чекор е и поднесување кривична пријава против инспекторот, заради сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од нашиот Кривичен законик.”